Пчеларите ќе можат да закупат земјоделско земјиште, каде би ги поставувале пчелните семејства

Министерот објасни дека измените на законот, направени врз основа на сериозни анализи, треба да овозможат поголемо вклучување на млади лица во земјоделството. Затоа, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина 3 години откако ќе добијат државно земјоделско земјиште. Се решава и проблемот што го имаа пчеларите со недостатокот на површини за поставување на пчелни семејства, кои ќе може да закупат државно земјоделско земјиште за таа намена. И земјоделците што веќе користат хектар или два државно земјиште ќе може да аплицираат за дополнителни парцели, сè до обезбедување на површина од 10 хектари, со што се создаваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Раскинати над 200 договори за земјоделско земјиште поради неплаќање закуп

-Се работи за земјиште што се давало под закуп на најмалку три години. Постапката за санкционирање ќе потрае, уште е во тек процесот на медијација. Сметаме дека веројатно бројот на раскинати договори ќе достигне околу 500 – 600, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Над 4.380 хектари државно земјоделско земјиште ќе бидат доделени на земјоделците

Над 4.380 хектари државно земјоделско земјиште ќе бидат доделени на земјоделците преку четири активни јавни огласи за давање на државно земјоделско земјиште под закуп.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ОГЛАС бр.08/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари

Се дава во закуп земјоделско земјиште над 3 хектари, во сопственост на државата со вкупна површина од 1096ха 76ар 31м2.
Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот оглас е 11.09.2018 година.

Share
Прочитај повеќе

Повик за закуп на државно земјоделско земјиште во Кумановско

– Апелирам до заинтересираните да ја посетат официјалната страна на Министерството и детално да се информираат за условите кој може да аплицира за огласот до три и за огласот над три хектари кој се реализира со јавно наддавање во електронска форма, изјави, раководителот на подрачната единица Насер Даути.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ОГЛАС бр.04/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште за површини до 3 хектари

Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина  од 996ха 02ар 40м2  и  тоа за следните региони во Република Македонија: Берово, Валандово, Велес, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кавадарци, Куманово, Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Струмица и Штип.
Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот оглас е 17.08.2018 година (петок)

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ОГЛАС бр.05/18 за закуп на земјоделско земјиште за површини над 3 хектари

Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 517ха 28ар 37м2 и тоа за следните региони во Република Македонија: Берово, Куманово, Свети Николе, Штип, Гостивар, Кавадарци, Струмица, Крива Паланка, Дебар, Неготино, Велес.  Краен рок – 21.08.2018 година (Вторник).

Share
Прочитај повеќе

До петок трае јавниот оглас за давање под закуп на државното земјоделско земјиште на поранешниот агрокомбинат Џумајлија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги известува сите заинтересирани, дека Јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари во регионот на Свети Николе, трае до петок оваа недела, односно до 29.06.2018. Станува збор за дел од земјиштето кое беше во сопственост на поранешниот агрокомбинат Џумајлија.

Share
Прочитај повеќе

Објавен огласот за закуп на земјоделско земјиште во Џумајлија

Во огласот за закуп истакнати се 907 хектари од некогашниот комбинат Џумајлија а во следните неколку недели ќе има оглас и за нови 11.000 хектари земјоделско земјиште како и посебен оглас за закуп на земјиште за сточарите.

Share
Прочитај повеќе

Владата донесе одлука за согласност на Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште

Владата на вчерашната седница донесе одлуката за давање на согласност на Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.

Share
Прочитај повеќе