Повик за изразување на интерес за учество во консолидација на земјоделско земјиште

Право на учество имаат групи на сопственици на земјоделско земјиште чиешто земјиште се наоѓа на иста територија (во едно или повеќе села, или во дел од село/микро-локација, кои претставуваат делови од една или неколку соседни катастарски општини).
Рокот за доставување на изјавите за интерес е 1 јули 2019 година до 16:00 часот

Share
Прочитај повеќе

Во тек е подготовка на нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп

На огласите е планирано да се објави  вкупна површина од  над  15.000 хектари во повеќе региони и тоа: Битола, Валандово, Виница, Велес, Делчево, Демир Хисар, Гевгелија, Крива Паланка, Кичево, Куманово, Кавадарци, Кочани, Крушево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Тетово, Струга, Охрид, Прилеп, Штип и други региони.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Започнуваме кампања за избор на нови 12 локации за консолидација на земјоделското земјиште

-Нашето лично присуство навистина сакаме да даде придонес за подигнување на свеста, ако сакаме да зборуваме за модерно и конкурентно земјоделство, окрупнувањето, консолидацијата се неопходни постапки. Оваа година треба да направиме избор на 12 нови подрачја кадешто е потребно и е можно да се реализираат постапките за консолидација на земјиштето, посочи министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Регионална работилница во Куманово, за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште

Денеска, 7 март  2019  година, во Куманово, проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) кој го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ),  организира регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште. Работилницата ќе се одржи во Занатски Дом во Куманово, со почеток во 12:30 часот.

Share
Прочитај повеќе

39 понуди ги исполнија условите за доделување под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари

Следува електронското јавно наддавање за парцелите. Вкупниот инвестициски фонд на овие прифатливи апликации е 15,5 милиони евра.

Share
Прочитај повеќе

Рекордни 718 понуди пристигнаа за јавниот повик за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари

Вкупно 718 понуди пристигнаа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за учество на јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Рокот за поднесување на понуди заврши минатата недела, сега во тек е евалуација односно проверка на документацијата на понудите и во рок од 45 дена се очекува да се склучат договорите со оние земјоделците кои поднесле комплетна и уредна документација. 

Share
Прочитај повеќе

Во Чешиново-Облешево се утврдија пазарните цени на земјоделското земјиште

Општинските служби за финансии процениле дека пазарната вредност на еден декар оризна нива од прва класа изнесува 48 илјади денари, додека за парцела со иста површина и квалитет на која се засејуваат жита и други култури ќе се пресметува данок за кој основата ќе биде во висина од 18 до 30 илјади денари, во зависност од локацијата.

Share
Прочитај повеќе

За три недели истекува рокот за јавниот повик за интерес за купување земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии

За околу три недели односно на  25- ти  јануари истекува рокот за доставување документација за јавниот оглас за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата.

Share
Прочитај повеќе

За неколку денови истекува рокот за повикот за закуп на државно земјиште до 3 хектари и над 3 хектари

За неколку дена истекуваат роковите за доставување на документација за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и за јавниот оглас за давање на државно земјоделско земјиште под закуп над 3 хектари. Конкретно, за јавниот повик до 3 хектари рокот за поднесување документација е до 11.01.2019, петок, а за јавниот оглас за давање државно земјоделско земјиште над 3 хектари рокот е до 17.01.2019.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Раскинати над 200 договори за земјоделско земјиште поради неплаќање закуп

-Се работи за земјиште што се давало под закуп на најмалку три години. Постапката за санкционирање ќе потрае, уште е во тек процесот на медијација. Сметаме дека веројатно бројот на раскинати договори ќе достигне околу 500 – 600, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе