МЗШВ: Исплатени 214,7 милиони денари субвенции за производителите на градинарски култури до близу 11.000 корисници

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои пријавиле обработени површини со домати, пиперка, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, рукола, морков, целер, пашканат, цвекло, аспарагус, ротквици, цвеќе и култувирани, ароматични и зачински растенија.

Share
Прочитај повеќе

Поддршка од земјоделците во Ресен за новиот предлог модел во субвенционирањето

Земјоделците преку новиот модел за субвенционирање добиваат авансна исплата на 30% од субвенциите. Оваа 2022 година авансната исплата на субвенциите ја започнуваме токму со исплатата кон овоштарите, како пилот проект, а веќе од следната 2023 година авасно ќе се исплаќаат субвенциите кон сите земјоделци. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Ние сме лидери во регионот во консолидацијата на земјоделското земјиште а директни корисници се 6.267 земјоделци и нивните семејства

Во моментов зборуваме за подготвени планови за консолидација на земјоделско земјиште во 9 подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево. При тоа, во Егри е целосно изградена  и земјоделска инфраструктура, а тој процес ќе продолжи и во останатите подрачја

Share
Прочитај повеќе

Се доделија признанија на најуспешните во земјоделството за 2022

Во организација на земјоделското здружение „Современо Земјоделство,“ се одржа традиционалната манифестација „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“. На најдобрите земјоделци им беа доделени признанија за успешност во производството и професионалност во работата.

Share
Прочитај повеќе

Николовски од Штип: Интервентниот фонд ќе се прошири со нови мерки, обезбедуваме субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за пченка, сончоглед и ориз

Субвенцијата за набавка на вештачко ѓубриво за сончоглед, пченка и ориз се планира да биде 3.000 денари, а измените на Програмата за интервентен фонд ќе бидат предложени од страна на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на следната владина седница.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со правична распределба кај вистинските земјоделци го ставаме во функција целокупното земјоделско земјиште

-Потпишани се 900 договори, тоа е огромна бројка на склучени договори со кои ќе се стави во функција земјоделско земјиште од неколку илјади хектари низ целата држава, во различни региони. Околу 500 хектари, се овде во Прилеп, за кои се склучени 232 договори, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски, Бачовски и Димковски на средба со оризопроизводителите во Кочани

-Од овде, од Кочани, порачав дека македонскиот ориз, нашето бело злато, ќе продолжиме да го стимулираме преку Програмата за директни плаќања за 2022 година, а силен фокус ќе ставиме и на инвестициите во системите за наводнување, и каналите за одводнување и наводнување, како и пречистителната станица која има можност да ја собира сламата и да ја преработува во органско ѓубре, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Обука за подобрени советодавни услуги за земјоделците преку проектот РАМОНЕС-ПЛ

За успешни земјоделски практики, прифаќање на иновативни технологии и справување со пазарните и административни предвизици, советодавните услуги имаат незаменлива улога. АПРЗ како давател на тие советодавни услуги кон земјоделците треба постојано да се модернизира и надградува во своите практики.

Share
Прочитај повеќе

Топлотниот бран шок за земјоделските култури

Натпросечните температури кои ја зафатија земјава предизвикаа шок кај земјоделските култури. Според агрометеоролозите, дехидира зрното кај пченицата која ја немаше постигнато целосната зрелост, а енормно се зголеми и потребата од вода за одржување на вегетацијата кај останатите култури.

Share
Прочитај повеќе

Средба на земјоделци со претставници од МЗШВ и ФЗНХ по повод Меѓународниот ден на задругите

Мрежата на земјоделски задруги во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска организира средба по повод 3 јули, Меѓународниот ден на задругите.

Share
Прочитај повеќе