Опасната Африканска свинска чума стаса до Бугарија

-АЛАРМАНТНА И ОПАСНА е состојбата со појавата на вирусот Африканска свинска чума за која нема лек ни вакцина, може да го уништи свињарството во земјава и сите фарми да се затворат, а луѓето да останат без работа.
Колку е сериозна ситуацијата и што треба да се превземе, денеска во 10 часот прес конференција ќе одржи директорот на АХВ, Зоран Атанасов, истакна Ленче Николовска.

Share
Прочитај повеќе

АХВ повторно оцената со највисоки оценки од Европската комисија

И во овогодишното известување на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија во приближувањето и имплементацијата на европското законодавство и стандарди, Агенцијата за храна и ветеринарство е оценета со највисоки оценки и е меѓу петте институции во државата што добиле ваква оценка.

Share
Прочитај повеќе

Презентирани искуствата на АХВ во спроведување на инспекциските контроли на граничните премини

На покана на Светската Банкарска Групација и Австриското министерството за финансии, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство ДВМ Зоран Атанасов во Виена Австрија, зеде активно учество на Регионалниот настан за мерење на достигнувањата на агенциите кои се наоѓаaт на граничните премини. Тој се обрати како говорник на панелот “Управување со ризик на граничните премини” на кој ги презентираше искуствата на нашата земја со вршењето на инспекциски контроли на граничните премини врз основа на проценка на ризик.

Share
Прочитај повеќе

Атанасов од Брисел: И оваа година очекуваме висока оценка за АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство повторно во неколку наврати беше пофалена за активностите кои ги прави во хармонизацијата со европското законодавство и имплементацијата на истите во пракса.

Share
Прочитај повеќе

Преброени коњите и магарињата, уште да се чипираат

Со внесување на податоците од спроведениот попис на копитарите, почна воспоставувањето на системот за идентификација и регистрација. Првпат добивме податоци за бројната состојба на овој вид животни, рече Зоран Атанасов, директорот на АХВ.

Share
Прочитај повеќе

АХВ домаќин на регионалната работилница “SIGMA проект и собирање податоци за зоонози и нивно репортирање во „EFSA”

Под покровителство на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), вчера и денес во Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе биде домаќин на регионална работилница “SIGMA проект и собирање податоци за зоонози и нивно репортирање во EFSA”. На состанокот присуствуваат високи претставници од Европската агенција за безбедност на храна, претставници од конзорциумот кој го спроведува SIGMA проектот, претставници од ветеринарните служби на земјите во регионот, од Агенцијата за храна и ветеринарство, Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и oд Институтот за јавно здравје.

Share
Прочитај повеќе

Реакција: Нема непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциските контроли на граничните премини

Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира изнесените наводи во медиумите за непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциски контроли на граничните премини Ќафасан и Табановце. Согласно законските одредби, при извоз на храна од животинско потекло, официјалните ветеринари не вршат контроли на граничните премини, туку на местото на утовар на пратката за што издаваат и сертификат. 

Share
Прочитај повеќе

Атанасов од Рим: Стратегија и план за работа на европската комисија за справување со лигавката и шапот во ФАО

Денес и утре во седиштето на ФАО, Рим, Италија се одржува 43то собрание на ЕУ-ФМД (Европска комисија за справување со Лигавката и шапот) во ФАО. Ќе се разгледува и усвои Стратегијата и работниот план за 2020-2023 година. Во извршниот комитет на ЕУ-ФМД, напорно работевме во текот на минатата година за да го осмислиме и ставиме на разгледување овој документ пред Генералното Собрание. 

Share
Прочитај повеќе

Одржан четвртиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни

Учесниците на состанокот се согласија дека темата за контрола на производите и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната е од исклучителна важност од аспект на заштита на здравјето на потрошувачите и посочија дека во земјава постојат голем број лаборатории кои вршат испитувања на нивната безбедност и квалитет. Неопходно е, истакнаа тие, заради поголема економичност и испитување на што е можно поголем број на мостри, државата да ја поддржи нивната работа, врз основа на претходна поделба на надлежностите и видовите на испитувања кои тие ќе ги вршат.

Share
Прочитај повеќе