Исплатени субвенциите за пчеларите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 3.820 лица исплати 164.965,600,00 денари за фармерите кои одгледуваат и имаат презимени пчели.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски: Исплатени близу 138 милиони денари за субвенции за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 2.944 субјекти, исплати близу 138 милиони денари за градинасрки култури, предадени во преаботувачки капацитети. Станува збор за исплата на средствата од мерката 1.7, односно, исплатени се субвенциите од дополнителната мерка за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 5,5 милиони евра за субвенции за одржување на овошни насади, вклучително и за насадите со јаболка

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци. Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболки, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници. Со денешната исплата на субвенциите за одржување на насади со јаболка, МЗШВ заедно со Платежната агенција ги исполнува сите барања на производителите на јаболка, и порано пд рокот кој го бараа овоштарите.

Share
Прочитај повеќе

Николовски на средба со земјоделци во Валандово: Исплатени близу 4,4 милиони евра за субвенции за површини со градинарски култури

Николовски посочи дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 270 милиони денари или близу 4,4 милиони евра за основната субвенција за површина за градинарски култури на 11.428 земјоделци. При тоа Николовски потенцираше дека праксата за навремена исплата на субвенциите тогаш кога им се најпотребни на земјоделците ќе продолжи во следниот период, како што тоа претходно беше со исплата на субвенциите за грозјете пред почетокот на производствената сезона, за грла добиток и за житните култури.

Share
Прочитај повеќе