АХВ домаќин на регионалната работилница “SIGMA проект и собирање податоци за зоонози и нивно репортирање во „EFSA”

Под покровителство на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), вчера и денес во Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе биде домаќин на регионална работилница “SIGMA проект и собирање податоци за зоонози и нивно репортирање во EFSA”. На состанокот присуствуваат високи претставници од Европската агенција за безбедност на храна, претставници од конзорциумот кој го спроведува SIGMA проектот, претставници од ветеринарните служби на земјите во регионот, од Агенцијата за храна и ветеринарство, Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и oд Институтот за јавно здравје.

Share
Прочитај повеќе