АХВ спроведе вонредни контроли во Охрид, Струга и Дојран

Во ек на летната туристичка сезона, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат вонредни, засилени контроли на операторите со храна во туристичките центри во земјава.

Share
Прочитај повеќе

За две недели спроведени 738 вонредни контроли

Седумстотини триесет и осум вонредни контроли, спроведоа инспекторите за храна и официјалните ветеринари во изминатите две недели, во продавници, супер маркети, угостителски објекти и месарници, од стартот на засилените инспекциски контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство почна да ги спроведува кај операторите со храна, од 16 март годинава.
 

Share
Прочитај повеќе

АХВ на терен: Девет месарници не го чувале правилно месото

На прес-конференција во Владата, Филиповска Грашковска соопшти дека шесте инспекциски институции во земјава, за четири дена, од 19 до 22 март, извршиле вкупно 11.358 надзори.

Share
Прочитај повеќе

Во јуни спроведени 4536 инспекциски контроли

Вкупно 4536 инспекциски надзори од кои 3389 редовни, 316 контролни и 831 вонредни, спроведоа инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство во јуни годинава. За констатираните недоследности изречени се 510 инспекциски мерки, од нив 389 решенија за отстранување на недоследностите, 109 едукации за операторите со храна, 11 парични казни, а поднесена е и една прекршочна пријава.

Share
Прочитај повеќе

АХВ со вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна во туристичките центри Дојран, Охрид и Струга

Во трите туристички центри спроведени се вкупно 128 контроли при што кај 61 оператор со храна се констатирани неусогласености кои се однесуваат на недоволна хигиена во објектите, неправилно декларирање на храната, нередовно вршење на задолжителните здравствено – хигиенски прегледи на вработените, неуредно и нередовно водење на записите согласно пропишаните процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса и HACCP. Како небезбедни поништени се приближно 218 килограми храна, најголем дел месо и подготовки од месо и јајца.

Share
Прочитај повеќе

Реакција: Нема непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциските контроли на граничните премини

Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира изнесените наводи во медиумите за непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциски контроли на граничните премини Ќафасан и Табановце. Согласно законските одредби, при извоз на храна од животинско потекло, официјалните ветеринари не вршат контроли на граничните премини, туку на местото на утовар на пратката за што издаваат и сертификат. 

Share
Прочитај повеќе

Засилени инспекциски контроли на инспекторатите за земјоделство и за шумарство и ловство поради палењето на стрништа и шумски пожари

Државниот инспекторат за земјоделство ги задолжи сите инспектори за земјоделство да вршат постојан инспекциски надзор, да се интезивираат инспекциските контроли, во поглед на користењето на земјоделското земјиште, особено онаму каде има засеано житни култури, со цел да се откријат лицата кои палат оган во близината на посевите, ги палат стрништата, или пак ги палат остатоците од разни земјоделски култури, со што потоа се предизвикува и шумски пожар.

Share
Прочитај повеќе

Во февруари спроведени 4997 инспекциски контроли

За извоз на храна од животинско потекло официјалните ветеринари издале 231 сертификат, а инспекторите за храна издале 338 сертификати за извоз на храна од неживотинско потекло. Минатиот месец, уништени се вкупно 8.507 килограми небезбедна храна од животинско потекло, од кои официјалните ветеринари со контролите уништиле 1.419 килограми, а самите оператори како небезбедни поништиле 7.088 килограми храна од животинско потекло.

Share
Прочитај повеќе

Во јануари спроведени 5103 инспекциски контроли

Во јануари, инспекциски служби на Агенцијата, извршија вонредна контрола и во 5 месарници и 6 угостителски објекти во Делчево каде беа констатирани недоследности кои се однесуваат на неправилно и нецелосно означување на производите, а при контролата затекнато било и месо кое немало здравствена ознака.

Share
Прочитај повеќе

Инспекциските служби на АХВ извршија вкупно 55.820 контроли кај операторите со храна во 2018 година

Како небезбедни, поради поминат рок на употреба, микробиолошка неисправност, неправилно означување и декларирање, поништени или вратени се вкупно 237.774 килограми небезбедна храна, се наведува во соопштението од АХВ.

Share
Прочитај повеќе