Конференција на АХВ за подигнување на свеста за работата на ЕФСА и за соработка во процесот на проценка на ризик

Национална конференција на тема „Подигнување на свеста за работата на ЕФСА и за можностите за соработка во процесот на проценка на ризик”, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, а со поддршка на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА).

Share
Прочитај повеќе

11-та Берлинска конференција на меѓународните министри за земјоделство

Министрите дискутираа за тоа како може да се примени дигитализацијата  за да се промовира економски оправдано, ресурсно-зачувано, и потрошувачки ориентирано земјоделството, преку искористување на потенцијалите за дигитализација на земјоделството, пристапот на фармерите до дигиталните технологии, подобрување на користењето на податоци и друго.

Share
Прочитај повеќе

Конференција: Децентрализација – Патот што претстои

-МЗШВ ги поддржува општините со Програмата за рурален развој, преку која следната година ќе финансира изработка на детални и генерални урбанистички планови, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Анѓушев и Николовски: Jасна регулатива, повисока свесност и високо ниво на професионалност потребни да се подобри состојбата во осигурувањето во земјоделскиот сектор

-Иако трендот е во пораст не може да бидеме задоволни, затоа што оваа алатка мора да ја градиме заедно и да функционира  кај поголем број земјоделци, особено ако имаме предвид дека има околу 70 илјади земјоделци и регистрирани земјоделски стопанства. Разгледуваме два странски модели за развивање на осигурувањето, турскиот и шпанскиот кои би можеле да се применат кај нас“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски и Бабовски денеска ќе одржат прес конференција за огласот Млад земјоделец

Во велешкото село Горно Оризаре, денеска ќе се одржи прес-конференција во врска со завршувањето на јавниот повик за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски на„Конференција на директорите на Платежните Агенции во Европската Унија“

Размената на искуства, примената на нови современи техники и технологии се од огромно значење за сите нас. Само со осовременување на земјоделството и со воведување на нови технологии може да се развива, унапредува овој сектор. Европските фондови се од клучно значење во осовременување и модернизација на домашните земјоделски и преработувачки капацитети.“ – рече Бабовски. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Македонија дава силен придонес за зачувување на пчелите, како важна гранка за земјоделството и животната средина

Во своето обраќање, министерот Николовски се осврна на долгата традиција што ја има пчеларството во Македонија, која се одликува со сопствен автохтон род пчели. Преку Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, МЗШВ создава институционална поддршка за пчеларството. Со цел модернизирање на процесот и зголемувањето на пчелните семејства и целокупниот капацитет на пчеларскиот сектор достапни се и мерки од Програмата за рурален развој и ИПАРД фондовите.

Share
Прочитај повеќе

Конференција „Менаџирање и искористување на ЕУ фондовите за земјоделство“

Бизнис конференција на тема „Менаџирање и искористување на ЕУ фондовите за земјоделие – Претставување на бизнис моделот на Платежната агенција на Република Словенија“ организираат денеска Агенцијата за земјоделие и рурален развој на Република Словенија, во соработка со словенечката Амбасада и Стопанската комора на Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Конференција „Заедно за силно дигитално земјоделство“ денес се одржува во Софија, а во организација на ФАО и бугарското МЗШВ

Напредните технологии, дигитализацијата и иновациите се клучни во развој на модерно земјоделство. Владата на Република Македонија активно работи кон воспоставување на земјоделски иновативни системи, како и унапредување на информациските и комуникациски технологии. Ова денеска го потенцираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на конференцијата „Заедно за силно дигитално земјоделство“ што се одржува во Софија, Република Бугарија, а во организација на ФАО и бугарското Министерството за земјоделство, храна и шумарство.

Share
Прочитај повеќе

Конференција за квалитетот и сигурноста на храната

Освен за квалитетот и сигурноста на храната, на конференцијата ќе стане збор за примерите на добри практики и за парадоксите во развојот на големите глобални компании за преработка на прехранбени производи кои, според „Перутнина“, се насочени само кон намалување на трошоците на сметка на квалитетот.

Share
Прочитај повеќе