Ќе се унапредува соработката и со косовската Агенција за храна и ветеринарство

Интензивирање и унапредување на соработката  во делот на безбедноста на храната, храната за животни и здравствената заштита на животните, договори на работниот состанок директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов со претставници на Агенција за храна и ветеринарство на Република Косово. На состанокот, презентирана беше актуелната состојба со болестите кај животните во регионот, а разменети беа и искуства во насока на олеснување и интензивирање на увозот и извозот меѓу двете земји.

Share
Прочитај повеќе

Косовските власти со засилени контроли за македонското брашно

“Веќе имав состанок со производителите на брашно од Македонија и веднаш стапив во контакт со колегите од косовска страна за да се разреши овој проблем и добив ветување дека за некое време тоа ќе се направи”, вели Крешник Бектеши, министер за економија.

Share
Прочитај повеќе

Косовските царини кон Србија можност за поголем извоз на македонските земјоделски производи

Косовското воведување царински давачки од 100 отсто кон Србија и БиХ не се очекува да предизвика позначајни негативни ефекти и нарушување на македонската економија. Дури, како што оценува Стопанската комора на Македонија, можно е нашите земјоделски производи кои веќе ги има на пазарот во Косово да бидат позастапени.

Share
Прочитај повеќе

Српските бизнисмени од Косово: Не правете паника, ќе има храна

Српските бизнисмени во Косово, по средбата со претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ, пред медиумите рекоа дека засега нема да има зголемување на цените на прехранбените производи и да не се шири паника. Во Косово владее општа загриженост дека можеби ќе секнат залихите на производи за основни потреби по косовското стопроцентното покачување на царинските такси за српските производи.

Share
Прочитај повеќе

Отштета од косовската царинска блокада ќе добијат само тие што имаат доказ дека се оштетени

Единствен начин за да се дојде до некакво обесштетување нуди Законот за земјоделство и рурален развој. Доколку некој земјоделец се одлучи за таков потег, Бирото за судски вештачења треба да направи проценка за настанатата штета.

Share
Прочитај повеќе

Околу 180.000 евра штета од косовската одлука за зголемените царини

На околу 180.000 евра или 2.000 тони нереализиран извоз, се проценува штетата од косовската одлука со која царините за овошјето и зеленчукот беа зголемени за 30 отсто, рече денеска шефот на кабинетот во Министерството за земјоделство Трајан Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Косово целосно ги укина зголемените царини за македонските земјоделски производи

Одлуката стапува на сила од денес, и со оваа одлука целосно престанува да важи зголемената царина од 30 насто, мерка што Приштина ја донесе на 18- ти месецов. Домашните земјоделски производи без застој повторно ќе се извезуваат на косовскиот пазар.

Share
Прочитај повеќе

Бектеши попладнево ќе соопшти дали Приштина ги зема предвид македонските аргументи за царината

По денешната седница на косовската Влада, закажана за 14 часот, Министерот за економија Крешник Бектеши час подоцна, во Скопје на прес-конференција ќе соопшти соопшти дали косовската Влада ги земала предвид аргументите на македонската Влада, презентирани од него на петочниот состанок во Пришитна.

Share
Прочитај повеќе

Косово пред одлука – дали целосно да ги повлече зголемените царини

Македонските власти очекуваат позитивен исход од денешната владина седница на Косово и целосно повлекување на одлуката. Во петокот, минисерот за економија Крешник Бектеши имаше средба со косовскиот колега Бајрам Хасани на која конкретен договор околу одлуката не беше постигнат.

Share
Прочитај повеќе

ЕК бара Косово да ја укине мерката за зголемување на царината

“Жалиме што заштитните мерки остануваат на сила за другите земји, вклучително регионалните партнери од ЦЕФТА. Ова е загрижувачки и штетно за регионалната економска соработка. Затоа ЕК итно го повикува Косово да се однесува конструктивно за да ја реши ситуацијата без одлагање, особено со оглед на тоа дека Косово моментално претседава со ЦЕФТА”, се наведува во реакцијата на ЕК.

Share
Прочитај повеќе