Македонија засега не воведува контра-мерки кон Косово

– Сите досегашни преговори ни даваат за право да очекуваме целосно укинување на зголемените царини. Затоа во овој момент, Македонија останува на ставот барем засега да не се воведуваат контра – мерки. По денешниот состанок на Бектеши, ќе имаме и многу повеќе детали за наредните чекори, наведува МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе

Бектеши на состанок во Приштина за косовските царини

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина треба да се сретне со косовскиот колега Бајрам Хасани. На средбата ќе се разговара за зголемените царини на овошјето и зеленчукот што Косово ги воведе на 18 јули годинава.

Share
Прочитај повеќе

Косово целосно да ги укине зголемените царини

Министрите од регионот вчера во Белград, Србија на заеднички состанок ја повикаа косовската Влада целосно да ги укине зголемените царини за извоз на земјоделски производи во Косово. Тие  ја поздравија одлуката на Косово за делумно укинување на зголемените царини, но, побараа од  Приштина итно и целосно да ги укине воведените зголемени царини за извоз на земјоделски производи.

Share
Прочитај повеќе

Министерски состанок во Белград за зголемените царини на Косово

Заеднички став за одлуката со која Косово ги зголеми царините на овошјето и зеленчукот, се очекува од денешната средба во Белград чиј иницијатор и домаќин е српскиот министер за трговија Расим Љајиќ. На средбата, покрај македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски, ќе учествуваат и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ, како и министерот за трговија и економски односи на БиХ Мирко Шаровиќ. 

Share
Прочитај повеќе

Утре заедничка средба на сите ресорни министри од регионот за надминување на проблeмот со Косово

Доколку не се надмине проблемот во среда, наредните денови министрите за земјоделство и за економија, ќе се сретнат со нивните колеги од Косово. Ќе се бара начин за надминување на ситуацијата. Целта е укинување на одлуката и овозможување брз проток на стоки и услуги како и трговска размена помеѓу двете земји. Очекуваме да се постигне соодветен договор, во кој нема да има незадоволни страни и кој ќе биде од интерес на сите, велат од МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе

Владите на Македонија и Косово преговараат за изнаоѓање решение за зголемените царини

Во насока на решавање на проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот. Следната недела е планирана заедничка средба на сите ресорни министри од регионот, на која што ќе присуства и министерот Николовски, а се со цел да се добие заеднички модел за надминување на проблемот.

Share
Прочитај повеќе

И Бектеши официјално побара Косово да ја повлече одлуката за зголемените царини

Бектеши во писмото наведува дека мерката не е во согласност со ЦЕФТА Договорот и е во спротивност со Заедничката декларација која се однесува нa примена на правилата и постапките на СТО. Воедно бара итен состанок на сите земји потписнички на ЦЕФТА Договорот и очекува повлекување на одлуката од косовска страна, а доколку тоа не се случи во најкус временски рок, една од опциите, како што нагласува, е воведување контра-мерки со цел заштита на домашното производство.

Share
Прочитај повеќе

Македонија ќе воведе контра мерки доколку Косово не ја повлече одлуката

Македонија и официјално, со допис до ЦЕФТА, ЕУ и Владата на Косово, побара повлекување на времената  одлука за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. Ако Косово не ја повлече одлуката, Владата на Република Македонија ќе преземе мерки за заштита на домашното производство, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Share
Прочитај повеќе

Со повисоките царини за македонските земјоделски производи запре извозот во Косово

Повисоката царина што ја воведе Косово за македонските земјоделски производи целосно го стопира извозот од земјава таму. Според информациите од царинската управа вчера ниту еден камион не ја поминал границата. Дневно на оваа релација се извезувале до 300 тони, но сега извозот на земјоделски производи  кон Косово е сведен на нула.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Одлуката на Косово ги прекршува меѓународните договори, наш приоритет е заштита на домашното производство

Утврдени се елементи кои се формално правно нејасни. Така на пример, во дел од одлуката стои дека се однесува за овошје и зеленчук, а во листата на производи за кои ја зголемуваат царина стои пченка. Во самата табела каде што се наведени производите кои подлежат на зголемената царина, не се наведени тарифните броеви.

Share
Прочитај повеќе