Бачовски: Оризопроизводителите ќе добијат кофинансирање за набавка на комбајн

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој обезбедува кофинансирање на трошоците за набавка на комбајн со уред за сечење на сламата, за земјоделците кои имаат засеано минимум еден хектар со ориз.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски во битолско Логоварди

-За прв пат кофинансирањето на набавката на високо квалитетен генетски расплоден материјал е договорена со фармерите под нивни услови. Процентот на кофинансирање е од 50-75 %, и тоа е историски највисока поддршка, истакна Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Започна потпишувањето на договорите за мерката за кофинансирање на трошоците за набавка на системи капка по капка

Од денеска започна потпишувањето на 43 –те договори за мерката за инвестиции во подземни системи за наводнување капка по капка, од Програмата за рурален развој. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи  дека преку оваа мерка се овозможува кофинансирање на трошоците за набавка на различна опрема потребна за инсталирање на системите за наводнување капка по капка, но и услуги за изведување на градежни работи, инсталирање на опремата, како и за изработка на елаборати и техничка документација.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: 7,7 милиони евра инвестиции преку ИПАРД 2 за развој на руралните средини

„Сите овие типови на инвестиции се наменети за руралните средини односно селата и тука спаѓаат инвестиции во мали преработувачки капацитети, во рурален туризам, производство на сточна храна и ѓубриво, отворање на градинки, старечки домови, кина во селата, капацитети за сместување и друго. Поточно со еден збор, оваа мерка е важна за поттикнување на агробизнисти во руралните средини кои ја поттикнуваат економската активност, а истовремено ќе ги подобрат условите за живот во руралните средини“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе