Николовска: Влез во ЕУ за над 200.000 илјади наши земјоделски семејства да добијат милијарди евра ЕУ фондови

Нашите земјоделци имаат 150 милиони евра годишен буџет за субвенции. Хрватските и Словенечките земјоделци до 2027 година ќе имаат на располагање 6 МИЛИЈАРДИ евра поддршка за нивното производство. А се бориме на исти пазари со нивните производи. Колку и да одвојува државата од сопствен буџет нема шанси со ЕУ, затоа што таму 40% од буџетот е за поддршка на агросекторот.

Share
Прочитај повеќе

Николовска во посета на компанијата „ВИПРО“: Продолжуваат активностите околу договорното производство со сериозни преработувачки капацитети

-Преговорите со преработувачите на зелка, ќе продолжат и во следниот период. Со Јован планираме да посетиме и други компании од преработувачкиот сектор и да им го објасниме моделот на договорното производство, а тоа најмногу е враќање на довербата меѓу производителите и преработувачите, затоа што условите се промените, а ова се сега млади и амбициозни земјоделци кои сакаат да имаат сигурен пласман и заработка, рече Николовска.

Share
Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Ленче Николовска: Руралните жени да имаат поголема поддршка како од централната така и од локалната власт

Во Битола, во организација на земјоделското здружение „Современо земјоделство“, финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа манифестацијата „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“. На најдобрите земјоделци, агробизнисмени и претставници на институциите им беа доделени признанија за успешност во производството и професионалност во работата.

Share
Прочитај повеќе

Ленче Николовска: Руралното може да биде и модерно и доходовно

Животот на село, во природа, во викенд населби, допрва ќе станува тренд во ЕУ и во светот, затоа и мојата кампања се вика „Рурално е модерно“, вели Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Во амбиент на жетва, со насмеани земјоделци и расположен премиер, првите картички за „зелена нафта“

-А задоволството на земјоделците беше нескриено, тие всушност и најдобро знаат што значи ова за нив, за нивното производство, за нивната заработка. Оти нели, сите работиме за да заработиме, а земјоделското производство да го направиме конкурентно, истакна Николовска.

Share
Прочитај повеќе

ТИКА преку голем број проекти директно ги помага земјоделците во Македонија

Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА), која во Република Северна Македонија работи од 2005 година, досега има реализирано над 900 проекти од области како што се образованието, здравството, инфраструктурата и заштитата на културното наследство.

Share
Прочитај повеќе

Опасната Африканска свинска чума стаса до Бугарија

-АЛАРМАНТНА И ОПАСНА е состојбата со појавата на вирусот Африканска свинска чума за која нема лек ни вакцина, може да го уништи свињарството во земјава и сите фарми да се затворат, а луѓето да останат без работа.
Колку е сериозна ситуацијата и што треба да се превземе, денеска во 10 часот прес конференција ќе одржи директорот на АХВ, Зоран Атанасов, истакна Ленче Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Средбите со земјоделците – најдобриот начин на комуникација и соработка

-Не е лесно и не се едноставни овие средби, состојбата во земјоделскиот сектор со години е лоша и не може да очекувате задоволни земјоделци оти колку и да се работи не може во една година да имате спектакуларни резултати, особено во сточарството. Но кога знаете дека работите, кога знаете што сте нашле како состојба и колку труд, енергија и искрена посветеност во работата, личен но и тимски, вие пред земјоделците одите со чист образ. Не ги притискате, не манипулирате, не ги уценувате. Само кажувате што сте сработиле, истакна Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Сеидбата на сончогледот е во тек, ќе го следиме производството до откуп

-Идејата е да се ангажираат советниците да го следат производството на сончоглед и во соработка со Асоцијацијата да им се помогне на земјоделците да произведат поголем квалитет и принос. На тој начин ќе се достигне приносот од 1.500 килограми од хектар и ќе се исполни условот за субвенциите кои до 20 ха се близу 400 евра од хектар. Исто така на овој начин ќе им се исплати повеќе берзанската цена по која ќе се откупува сончогледот од страна на фабриката „Благој Ѓорев“, рече Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Презентирани новите мерки од програмите за финансиска поддршка и рурален развој пред земјоделците во Тетово

Денеска, на земјоделците во Тетово, министерот Љупчо Николовски, посебната советничка за земјоделство на ПВРМ, Ленче Николовска, државниот секретар при МЗШВ, Нефрус Челику и директорите на институциите во состав на МЗШВ, им ги презентираа новите мерки од програмите за финансиска поддршка и рурален развој.

Share
Прочитај повеќе