Информации за земјоделците во услови на вонредна состојба за начинот на користење на новата алатка во Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС) која се вика „Понуда-Побарувачка“

Целта на оваа корисна алатка е да се овозможи брз и лесен пристап до податоците за расположливите количини и цени на земјоделски производи и добиток во реален временски период како и континуиранo следење и обезбедување на транспарентен преглед на земјоделски производи од домашно потекло и движење на цените на земјоделските пазари.

Share
Прочитај повеќе

До 29 април продолжен рокот за поднесување на барања за „Мерка 1 Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“

Очекуваме дека со овој дополнителен период ќе им овозможиме на  заинтересираните да ги приберат сите потребни документи за да подготват инвестициски проекти кои во сите делови ќе ги задоволат условите кои се пропишани во ИПАРД Прогрмата, со што ќе се овозможи поголема искористеност на средствата.“ – појаснува Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Земјоделците да ги почитуваат препораките на Владата за коронавирусот, се следи состојбата со извозот на јагниња, целата прехранбена индустрија е мобилизирана и нема простор за паника

-Се наоѓаме во вонредна состојба, но тоа не значи дека треба да сопрат земјоделските активности и работата на министерството и другите надлежни институции во делот на сервисирање на услугите кон земјоделците. Платежната агенција и во овој период како и досега, продолжува со редовна исплата на субвенции, истакна Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени над 98 милиони денари за субвенции за произведено и предадено млеко

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска исплати над 98 милиони денари на сметките на 5.698 сточари за субвенции  произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.  

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ ги намалува директните средби со странки, комуникацијата ќе се одвива телефонски или по електронски пат

МЗШВ апелира до сите соработници и корисници на услугите кои ги дава министерството, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата,  со цел да се спречи ширењето на вирусот КОВИД 19 во државата.

Share
Прочитај повеќе

Округла маса на тема „Здравјето на растенијата и пчелите како опрашувачи – можат ли заедно?“

Целта е да се воспостави платформа за дискусија помеѓу пчелари, земјоделски производители на растителни земјоделски култури, производители и трговци со пестициди, екесперти и претставници на надлежните институции за улогата на пчелите како опрашувачи, трендовите за заштита на растенијата, како и потребата за заштита на опрашувачите од неконтролирана употреба на пестициди.

Share
Прочитај повеќе

Утре завршува рокот за мерката за финансиска поддршка од 20.000 евра за млади земјоделци

АФПЗРР ги потсетува сите млади до 40 години кои сакаат да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“ истото може да го сторат најдоцна до утре 10 – ти март, до крај на работниот ден или документите да ги испратат по препорачана пошта.

Share
Прочитај повеќе

Бруто-домашниот производ во 2019 година е повисок за 3,6%, економските политики на Владата дадоа дополнителен импулс и ја надминаа проекцијата

„Во 2019 година извозот на земјоделско-прехранбени производи во споредба со 2018 година бележи пораст од 14,5%. Ова е највисоката вредност на извозот на земјоделско-прехранбени производи досега. Дефицитот во трговската размена со земјоделско-прехранбени производи бележи намалување во споредба со 2018 година за 13,8 отсто или во апсолутна бројка од 246,6 милиони евра во 2018-та, на 212,6 милиони евра лани. Ова значи дека во 2019-та година увозот на земјоделски производи е помал за 34 милиони евра“, истакна министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени субвенциите за заклани несилки во регистриран кланичен капацитет

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 26 баратели исплати 82.832,825,00 денари за амортизирани несилки заклани во кланичен капацитет.

Share
Прочитај повеќе

Ипард инфо караванот денес во Ново Село и Босилово

Општина Ново Село од 11 часот во салата за совет на општината,
Општина Босилово во Културно едукативниот центар од 15:00 часот.

Share
Прочитај повеќе