Прогласена природна непогода во Могила
Општина Могила веќе прогласи природна непогода во шест села погодени од лошото невреме со врнежи од град, што предизвика големи штети кај тутунот, пченицата, пченката и други земјоделски производи. Претседателот на Советот Александар Јанкуловски, изјави дека во четири села од пред две недели е прогласена природна непогода, а на денешната седница на Совет на списокот ќе бидат додадени уште две села или вкупно шест.
Прочитај повеќе