Љупчо Николовски: Градиме партнерски однос со земјоделците, вложуваме во развој и модернизација на земјоделството!

Градиме партнерски однос со земјоделците, вложуваме во развој и модернизација на земјоделството!, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Воведуваме мерки за поддршка во земјоделството, со кои ги задржуваме младите во земјава

-Верувам дека како што покажавме оваа година и ги убедивме сите дека може во делот на оваа искористеност на фондови од последни да станеме први, од последен сектор да станеме прв за кој се зборува, верувам дека со сите мерки, со сите политики, со сите храбри одлуки кои ги носиме во овој сектор, навистина земјоделството и аграрот за младите луѓе ќе бидат тренд, задоволство и се повеќе ќе ги мотивираме да се вклучат, да работат. А ние сме тука да ги обезбедиме сите мерки, да носиме нови политики, да ги враќаме парите назад кон граѓаните, да отвараме нови фондови, нови перспективи, да се грижиме за пласманот на земјоделските производи, а верувам и за многу инвестиции што во овој сектор во следниот период ќе следат, нагласи Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Со новата Програма за рурален развој, 20.000 евра за мерката Млад Земјоделец

МЗШВ ги зголемува субвенциите од досегашните 10.000 евра на 20.000 евра по корисник. Дополнително, се воведуваат законски измени преку кои се отстранува границата од 18 месеци за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што се отвора мерката за повеќе млади луѓе.

Share
Прочитај повеќе

Љупчо Николовски: Нема фаворизирање на фирми за одгледување на канабис

-Од почетокот на мандатот посветено работиме на политики кои се важни за развојот на секторот и кои ќе го вратат достоинството на македонскиот земјоделец. Преземавме низа мерки, решенија и измени на закони, се со цел земјоделството да тргне во нагорна линија, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: 2019-та ќе биде година на најголеми капитални инвестиции во аграрот

-Македонија е земјоделска земја. Во 2019-та година, со добро здравје и сила, ќе го исцртаме патот по кој долгорочно ќе се движиме. Ќе работиме нова национална стратегија за земјоделство и рурален развој за следниот седумгодишен период и нова стратегија за лозарство и винарство за следните пет години. Ќе работиме на воспоставување на гарантен фонд за сите кои ќе инвестираат, а земјоделците конечно ќе ја добијат зелената нафта, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со реформите во секторот шумарство, ќе создадеме услови за одржливо управување со шумските ресурси

-Со реформите во секторот шумарство создаваме услови за одржливо управување со шумските ресурси. Реформите ќе опфатат 3 столба: формирање на Агенција за шумарство, трансформација на ЈП Македонски шуми во ефикасен систем за управување со шумите, реформа на целокупниот систем за зачувување на шумите, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски денеска ги потпиша договорите за концесии на нови 19 риболовни води

-Денеска ги потпишав договорите за концесии на нови 19 риболовни води, односно 6 риболовни ревири и 13 рекреативни зони.
Станува збор за акумулациите Стрежево, Козјак, Мантово, Паљурци, Мавровица и глобочица, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Следната година субвенциите ќе се доделуваат принципиелно

Синоќа гостин во отвореното Студио 1, на 1 ТВ, на телефонска линија со граѓаните беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој зборуваше за состојбите во аграрот. Како што објасни, Владата има обезбедено средства за субвенции, а во наредната година ќе се доделуваат принципиелно.

Share
Прочитај повеќе

Работилница на тема: Користење на средства од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020

На работилницата, меѓудругото, ќе се разговара за мерките вклучени во ИПАРД Програмата 2014 – 2020, како што се за примарно земјоделско производство, за преработка и маркетинг на земјоделски производи, и за диверзификација и развој на рурални бизниси.

Share
Прочитај повеќе

Љупчо Николовски: Создаваме конкурентно земјоделство, што ќе биде двигател на економијата

-Македонија може и треба да се потпре на земјоделството како еден од носечките столбови на економијата бидејќи ги имаме сите климатски и природни услови, плодна земја за обработка, вредни луѓе, само треба добро да се организираме и да инвестираме повеќе во едукација и нови технологии, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе