Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски официјално ја предаде функцијата на новиот министер Димковски

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вчера официјално ја предаде функцијата на новиот министер Трајан Димковски. На прес-конференција Николовски посочи дека новиот министер Димковски ќе ги продолжи започнатите процеси во секторот и отворената комуникација со сите чинители во земјоделството. Посочи дека се што се вети во 2016 година, веќе се заокружува, како што е редовна и целосна исплата на субвенциите, „зелена нафта“, ослободување од персонален данок, инвестиции во капитални проекти за наводнување, нови закони и измени на постојните.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски денеска беше меѓу лозарите и земјоделците во Демир Капија

– Со влезот во ЕУ и НАТО, македонските лозари ќе имаат сигурен откуп и повеќе приходи. Влегуваме на пазар со 500 милиони потрошувачи, 250 пати поголем од домашниот. Добиваме повисоки субвенции и нови инвестиции за развој во земјоделството, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

15 милиони евра од ЕУ за македонското земјоделство идната година

– За 2019 година преку ЕУ договоривме 15 милиони евра поддршка на македонското земјоделство. Со 3,5 милиони евра од нив ќе се градат нови системи за наводнување, а со 4,5 милиони евра фабрика за третирање отпад од угинати животни, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски на средбата со производителите од Стајковци и Црешево.

Share
Прочитај повеќе

Николовски:Ќе се зголемува поддршката за меѓународна промоција на македонските земјоделски производи

-Македонските прехранбени брендови се препознаени и почитувани во Европа и светот, а со членството во ЕУ тие ќе бидат уште поконкурентни. За мене е голема чест што добив благодарница за успешно претставување на Македонија како земја партнер на овогодинешниот саем. Се потрудивме и верувам дека ја претставивме нашата земја во најдобро светло, рече Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Словенија е наш важен трговски партнер, работиме на зголемување на трговската размена

Од ден во ден сме поблиску до Европската Унија, и до прилагодување кон заедничката европска политика во однос на законската легислатива и мерките кои што ќе значат поддршка на руралниот развој, а особено на младите фармери. Членството на Македонија во ЕУ ќе значи, отворање на пазар од 500 милиони жители, силна финансиска поддршка за македонските земјоделци и  големи капитални инвестиции во македонскиот аграр“, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Меѓународна министерска конференција “ Руралните подрачја и земјоделството како можност за млади луѓе”, во рамки на саемот АГРА 2018

Младите луѓе се нашето национално богатство со непроценлива вредност, особено кога станува збор за одржлив развој на руралните средини, а ако ги изгубиме, невозможно е да се очекува нивно враќање. Оваа конференција е од голема важност за размена на искуства и дискусија за предизвиците и новите можности за младите фармери, истакна министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Утврдени проектите кои ќе се финансираат преку ИПА 2019

– На денешниот состанок финално се утврдија проектите кои ќе бидат финансирани од ИПА 2019 и тоа за консолидација, советодавни служби, наводнување, шумарство, земјоделски задруги, поддршка за ветерина и фито политики, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со ИПАРД 2 програмата можност за модернизација на македонското земјоделство

„Неопходно е да се зголеми процентот на искористеност на ИПАРД 2 средствата кои ни стојат на располагање и тоа е една од нашите клучни политики оваа година. До денес се склучени договори за над 12 милиони евра кои што веќе се ставаат во функција на македонското земјоделство“, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски постојано остварува непосредни средби со граѓаните на терен

-Нашите заложби како министерство веќе се во тие насоки за поедноставување на процедурата за аплицирање на ИПАРД и усогласување на законите со земјите членки на ЕУ, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Работиме на континуирано и навремено чистење на одводните канали и речни корита во секоја општина

Чистењето на овој канал е од исклучително значење за Романовце, со цел да се спречи појава на поплави кои се случуваа изминативе години, но и од здравствен безбедносен аспект, затоа што има фекалии, а токму покрај него поминуваат децата од ова село кога одат во училиште. Ова акција ја спроведува подржуницата на АД Водостопанство, односно подружницата Кумановско-Липковско поле, во соработка со МЗШВ. Нафтата за машините е обезбедена од Владата на Република Македонија, а машините се купени од инвестиционата Програма на МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе