Николовски: Секоја педа обработливо земјоделско земјиште ќе биде во рацете на вистинските земјоделци

Главната цел на заедничката земјоделска политика е да се обезбеди стабилно снабдување на пазарите со земјоделски производи по пристапни цени од една страна и соодветен приход за земјоделците од друга страна. Со влезот во ЕУ – се отвора и пазар од 500 милиони потрошувачи, како и голем број на европски фондови.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Просечната цена на пченицата годинава е 9,14 денари

– Секој регистриран откупувач на пченица што ќе купи домашно лебно жито до 15 септември 2018 година и ќе го исплати до 15 декември, ќе добие субвенција од еден денар за килограм откупена пченица, истакна министерот. Другите мерки во полјоделството предвидуваат зголемување на субвенцијата за 10 отсто за земјоделците кои имаат над 100 хектари со полјоделски култури, како и исплата на 100 отсто финансиска поддршка за оние што имаат пријавено 0,3 до 20 хектари.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Ниту една Влада досега пред време не ја отворила темата за откупот на грозје

– За кои било земјоделски култури оваа година субвенциите ги исплативме навреме и многу порано ги започнавме разговорите околу дефинирање на процесот на откуп, така што во следните неколку дена ќе имаме средба со откупувачите и ќе имаме една заедничка на која ќе ги дефинираме следните чекори за да навремено го носиме одлуките и да биде подготвен откупот за оваа реколта, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

15 милиони евра за финансирање на Секторот за Земјоделство и Рурален Развој, во рамките на ИПА 2019

– Заедно со Делегацијата на Европската Унија денеска ги финализиравме приоритетите за финансирање на Секторот за Земјоделство и Рурален Развој, во рамките на ИПА 2019, преку која се обезбедени 15 милиони евра за секторот земјоделство. Им благодарам на сите вклучени во процесот и искрено ја поздравувам заедничката работа, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Општинските комисии денеска ќе извршат првична проценка на штетите од невремето во струмичкиот регион

Она што денеска ни беше целта е навремено, после првичните информации, да излеземе на терен да ги направиме првичните согледувања, заеднички со земјоделците со сите засегнати страни, да се направат првичните проценки околу површините кои се погодени, кои култури, во кои региони и да се делува соодветно согласно постапките за обештетување“, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски ќе ги посети најпогодените места од невремето во Струмичко

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе го посети  струмичкиот регион, кој вчера беше зафатен од невреме проследено со дожд, град и силен ветар.

Share
Прочитај повеќе

Николовски во посета на Париз, на Меѓународната организација за вино OIV

Како делегат во Меѓународната организација за вино OIV, во следните два дена во Париз, Франција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ќе учествува на годинешното вонредно генерално Собрание на организацијата, на кое што ќе се избира нов претседател и генерален директор на организацијата.

Share
Прочитај повеќе

50 отсто кофинансирање на трошоците за набавка на заштитна мрежа преку ИПАРД

-Ја препознаваме потребата за градобијна заштита и ги потврдуваме нашите заложби за реализација на ваква мерка, потенцираше министерот Љупчо Николовски на трибината со земјоделците од ресенско.

Share
Прочитај повеќе

Дефинирани областите од земјоделството кои ќе се финансираат со 15 милиони евра од ИПА 2019

За прв пат финансиска поддршка од ИПА 2019 ќе добие секторот шумарство во насока на воспоставување на шумарски информативен систем кој ќе биде важна компонента за одржливо стопанисување со шумите, за креирање на политиките за приближување на македонското шумарство кон современите текови и обезбедување на податоци кои се важни за развојот на овој сектор.
Исто така со ИПА 2019 е предвидено финансирање на процесот на консолидација на земјоделското земјиште, за што се планирани околу 500 илјади евра.

Share
Прочитај повеќе

Николовски во посета на земјоделците во Делчево, Берово и Пехчево

-Драго ми е што има позитивни реакции на политиките и мерките, но слушнав и одлични предлози и сугестии како да го подобриме работењето. Продолжуваме заедно да работиме партнерски со земјоделците за развој на македонскиот аграр, заврши Николовски.

Share
Прочитај повеќе