Новите економски закони што стартуваат од денеска

Новина од денес има и во давачките за увоз на возила. За возила до 10 илјади евра износот на данок ќе се пресметува според издувните гасови, односно според емисијата на ЦО2.

Share
Прочитај повеќе

Во тек е подготовка на нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп

На огласите е планирано да се објави  вкупна површина од  над  15.000 хектари во повеќе региони и тоа: Битола, Валандово, Виница, Велес, Делчево, Демир Хисар, Гевгелија, Крива Паланка, Кичево, Куманово, Кавадарци, Кочани, Крушево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Тетово, Струга, Охрид, Прилеп, Штип и други региони.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Воведуваме мерки за поддршка во земјоделството, со кои ги задржуваме младите во земјава

-Верувам дека како што покажавме оваа година и ги убедивме сите дека може во делот на оваа искористеност на фондови од последни да станеме први, од последен сектор да станеме прв за кој се зборува, верувам дека со сите мерки, со сите политики, со сите храбри одлуки кои ги носиме во овој сектор, навистина земјоделството и аграрот за младите луѓе ќе бидат тренд, задоволство и се повеќе ќе ги мотивираме да се вклучат, да работат. А ние сме тука да ги обезбедиме сите мерки, да носиме нови политики, да ги враќаме парите назад кон граѓаните, да отвараме нови фондови, нови перспективи, да се грижиме за пласманот на земјоделските производи, а верувам и за многу инвестиции што во овој сектор во следниот период ќе следат, нагласи Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Првпат по 10 години се направени ортофото снимки од земјоделските парцели

Со овој проект МЗШВ обезбедува ортофото карти и дигитален модел на теренот преку авионските снимки од целата територија на државата, а врз основа на снимките ќе изврши ажурирање на парцелите во Системот за идентификација на земјишни парцели.

Share
Прочитај повеќе

Нови средства за земјоделците кои го обновиле генетскиот потенцијал на стадата, подигнале нови овошни и лозови насади

За овие средства ќе може да аплицираат сите земјоделци кои од 1-ви септември до 31- ви декември 2018 –та година ги зголемиле стадата, формирале ново стадо, подигнале нов овошен или лозов насад, или пак засадиле повеќегодишни ароматични растенија како ( фацелија, еводија и багрем) на нови површини, ќе може да аплицираат за добивање на финанскиска поддршка.

Share
Прочитај повеќе

Природна пластика од пердуви од живина

Во пердувите од живина има 90% кератин, па благодарение на овој протеин добиената пластика ќе биде многу силна во споредба со традиционалната пластика.
Тим од научници во овој момент работат на истражување како од пердувите може да се направи амбалажа.

Share
Прочитај повеќе

ФАО ја зголемува поддршката за македонското земјоделство со четири нови регионални проекти во вредност од 1,5 милиони долари

Денеска МЗШВ и ФАО потпишаа четири нови проекти:
✅ за подобра контрола на штетници на растенија
✅ итно справување со Африканска свинска чума
✅ намалување на загуби и отпад од храна
✅ трајно користење на рибите преку одржлив развој

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Обезбедуваме нови инвестиции за македонското земјоделство

-Обезбедуваме нови инвестиции за македонското земјоделство, отворање сточарски и живинарски фарми и унапредување на технологиите за производство, особено во месната индустрија. Во Венеција, Италија се сретнав со организацијата Confagricoltura, во која членуваат најголемите земјоделски стопанства во Италија. Нашите нови партнери имаат големо искуство во производство на месо, овошје и зеленчук. Тие потенцираа дека имаат голема доверба во новата влада и изразија интерес да инвестираат во Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Анѓушев и Николовски: Jасна регулатива, повисока свесност и високо ниво на професионалност потребни да се подобри состојбата во осигурувањето во земјоделскиот сектор

-Иако трендот е во пораст не може да бидеме задоволни, затоа што оваа алатка мора да ја градиме заедно и да функционира  кај поголем број земјоделци, особено ако имаме предвид дека има околу 70 илјади земјоделци и регистрирани земјоделски стопанства. Разгледуваме два странски модели за развивање на осигурувањето, турскиот и шпанскиот кои би можеле да се применат кај нас“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од Македонска Каменица се запознаа со новите мерки и програми

– Презентацијата е одлична можност земјоделците на непосреден начин да се запознаат со новините, можностите и поволностите кои ги нудат Владата и отворените ЕУ фондови за развој на земјоделството. На средбата беше опфатена и можноста за размена на мислења со земјоделците, за сугестии и прашања од претставници на локалната и централната власт, рече Стаменкова.

Share
Прочитај повеќе