Авансно плаќање, основна и дополнителна поддршка – Нов модел на субвенционирање во земјоделството

-Даваме приоритет на стратешки важните култури и производи со цел да обезбедиме поголем принос на стратешки култури и помала увозна зависност на државата. Домашното производство го насочуваме кон домашните преработувачки капацитети, поттикнувајќи го договорното производство, подвлече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Објавен ИПАРД повик за „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“

Со овој јавен повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка.

Share
Прочитај повеќе

Од 1 мај на сила новиот Правилник: Нема веќе плаќате месо – добивате вода

-Ова практично ќе значи детално информирање на купувачите за тоа каква храна купуваат и консумираат. Задолжително ќе биде декларирањето на потеклото на месото, наведувањето дали производот е од свежо или замрзнато месо, колку од вкупните протеини се животински, односно колку од животинските се колагени кои имаат пониска нутритивна вредност. Тука се можни економски добивки, преку вметнување повеќе колагени и нивно прикажување како протеини, нагласи диекторот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

Во една година, ќе може да се произведе најмногу 1.000 литри чист алкохол

Министерството за финансии го објави Предлог-законот за акцизите кој е во фаза на подготовка. Земјоделците кои од овошје и грозје произведуваат жестоки алкохолни пијалоци ќе смеат во текот на годината да произведат најмногу 1.000 литри чист алкохол.  Целта на Предлог-законот е усогласување со директивите на Европската Унија од областа на акцизите.

Share
Прочитај повеќе

Нов закон за Фитофармација – се унапредува процесот на заштита на производите и употребата на пестид

За првпат се дозволува законска употреба на живи организми во борба со болести и штетници, како што се инсекти и други животни кои се хранат со штетниците на растенијата, а при тоа не ја загрозуваат животната средина. Се регулира и се дава можност за употреба на овие живи организми на т.н минорни култури, како магдонос, аспарагус, морков, лук.

Share
Прочитај повеќе

Со новиот закон ќе се олеснат условите за производство на домашна ракија и вино

Законските олеснувања одат до таму што веќе не мора да се кријат производителите на домашна ракија и вино бидејќи ќе бидат ослободени до 200 литри чист алкохол и до 500 литри вино да си произведат за свои потреби без никакви процедури и давачки.

Share
Прочитај повеќе

Почвата – најбитен фактор при подигнување на овоштарник

Анализата на почвата е од суштинско значење пред садењето за да се овозможи примена и обработка на почва и измени кои не можат ефикасно да се извршат по садењето.

Share
Прочитај повеќе

По 12 години тутунарите ќе добијат нов закон за тутун

Откупувачите ќе бидат должни евиденцијата на катастарските парцели, површините и склучените договори со производителите да ги поднесуваат електронски до Министерството за земјоделство. Договорот за откуп се склучува најдоцна до 31 март во тековната година.

Share
Прочитај повеќе

Ќе се воведуваат нови модели за осигурување на земјоделското производство

– Не можеме секогаш да влијаеме врз климатските промени, но како ресорно министерство мора да работиме на ефикасни инструменти со кои ќе го заштитиме земјоделското производството, а земјоделците ќе можат да си ги покријат загубите, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Се изготвува нов правилник за подобри услови за индивидуалните производители на анимални производи

– Очекуваме правилникот да почне да се применува од идната година, но, паралелно со неговото изготвување, ќе мора да се направат и водичи, и за инспекцијата и за производителите. Да се објасни детално што е потребно за секое производство, што е дозволено, зашто, нормално, секое има своја специфика. Не може да бидат исти условите за колбаси, сирења или јајца, вели професорката од Факултетот за земјоделски науки и храна Соња Србиновска.

Share
Прочитај повеќе