Завршува бербата на вишни во штипско-карбинскиот регион

Во штипскиот  регион вообичаено се преработуваат околу 2.000 тони, а оваа година се очекуваат да бидат преработени над  1.500 тони вишни. Вишната има одличен пласман и веќе се извезува на пазарите во Франција, Белгија и Германија. Производителите на вишни се задоволни од квалитетот и откупната цена, која за прва класа достигнува и до 35 денари за килограм.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарство-календар на активности за месец јуни

Плитката обработка на почвата штити од брзо испарување на влагата. За младите дрвца, од голема корист е покривање на почвата под нивната крошна со слама, искосена трева или друг соодветен материјал. Оваа практика е позната како прекривка и помага при разредување на поливањето и задржување на влагата.

Share
Прочитај повеќе

Климатските промени не им одат во прилог на македонските цреши

Нестабилното време и пониските температури кои ја погодија нашата држава не одат во корист на македонската цреша. Дел од сортите на ова овошје беа погодени и од подоцните пролетни мразеви со што дел од родот е и уништен. Производителите на цреши велат дека сонцето е како храна за црешите, во моментов за нив тоа е најпотребно, но за жал во последните неколку денови го немаше.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарство – календар за месец април

Овој месец започнува интензивната заштита на растенијата кај овошните видови.
Првиот третман, во текот на самиот почеток на вегетацијата има за цел да не се дозволи
масивен развој на болестите и штетниците. Исто така, во овај период почнува и обработката на почвата за уништување на плевелите.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 5,5 милиони евра за субвенции за одржување на овошни насади, вклучително и за насадите со јаболка

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци. Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболки, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници. Со денешната исплата на субвенциите за одржување на насади со јаболка, МЗШВ заедно со Платежната агенција ги исполнува сите барања на производителите на јаболка, и порано пд рокот кој го бараа овоштарите.

Share
Прочитај повеќе

Календар на активности за месец Февруари за овоштарство и зеленчук

Во февруари треба да продолжат мерките за заштита започнати во јануари.
Резидбата, која започнува кај јаболката и крушите, како овошки најотпорни на студ, сега продолжува кај црешите, вишните, праските и кајсиите. Бидејќи раните кои настануваат при резидбата зараснуваат потешко во студеното време, тоа предизвикува опасност од измрзнување. Местата каде се извршила резидба треба да се премачкаат со мрсни бои за заштита од заразување со болести и штетници. Резидбата треба да заврши до фаза бабрење на пупките.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарство – календар за активности во јануари

Кога обработката на почвата се врши во текот на зимските денови, презимувачките форми на инсектите излегуваат на површината, каде загинуваат од ниските температури.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарство – календар за месец декември

Во втората половина на декември, дневните и ноќните температури најчесто имаат негативни вредности и овошните дрва преминуваат во зимски одмор. Сепак, најпосветените овоштари може да ги искористат зимските месеци за некои итни зимски заштитни активности.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарство – земјоделски календар за месец ноември

Ако веќе не е завршено со бербата на покасните сорти на јаболката, крушите и дуњите, со садење на нови овошни дрва, со прскање на јаболчестото овошје со уреа, со есенската обработка на почвата и друго, тогаш ова е правото време да се заврши со тоа.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарство – земјоделски календар за месец август

Кон крајот на месецот, доколку дојди до заладување, може да се појават услови за силен напад од подоцнежно кафеаво гниење. Ова може да биде причина за потреба од уште 1 до 2 дополнителни третирања кои што ќе се извршат пред бербата со соодветни, регистрирани фунгициди со кратка каренца.

Share
Прочитај повеќе