Силно невреме удри по црешите и пиперките, земјоделците неосигурени

Државата плаќа 60 отсто од трошокот за осигурување, но оваа можност не ја користат ни 4.000 земјоделци. Тие се потпираат на отштетите што ги добиваат од државата.

Share
Прочитај повеќе

Почеток на активностите на МЗШВ за осигурување на земјоделското производство

„Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство. Со години земјоделците се соочуваат со влијанието на природните непогоди за кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за штети при Владата на Република Северна Македонија, исплаќа во просек три и пол милиони евра годишно на основ штети од временски непогоди. Токму затоа, решивме дека е време да воспоставиме организиран пристап за прилагодување и заштита на земјоделските производи преку воспоставување на систем на земјоделско осигурување во нашата земја“ изјави министерот Хоџа.

Share
Прочитај повеќе

Работилница на тема „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска ќе учествува на почетокот на работилницата „Воспоставување на земјоделски осигурителен пул“.

Share
Прочитај повеќе

Уште десет дена за поднесување на барања за субвенции за премии во осигурување на посевите и добитокот

„Преку оваа мерка, државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив. “ – појаснува Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Потребата за земјоделско осигурување се повеќе се зголемува

СН Осигурителен брокер, заедно со осигурителните компании „Триглав“, „Кроација“, „Евроинс“ и „Сава осигурување“, ја поддржаа едукативната кампања „Не гледај во небото, осигури се“ на Земјоделското здружение – „Современо Земјоделство“ со што дадоа придонес во информирање на земјоделците за важноста и предностите на земјоделското осигурување.

Share
Прочитај повеќе

(Видео) Меџит Амити: Осигурувањето ќе донесе позитивен развој на сточарството

Меџит Амити е сточар, кој со сточарство се занимава 38 години и тоа ќе биде професијата со која ќе ја дочека и пензијата.  Тој раскажува дека да се одгледува стока е многу тешко, бидејќи постојано се соочуват со проблеми, со штета од волк, од мечка од град, од болести.

Share
Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Сашка Јованова: Животот во село не е лесен, но не би го менувала за во град

-Животот во село не би го сменила за во град, бидејќи овде се живее по опуштено, порелаксирачки. Во селото животот е прилично тежок, започнува сабајле во 4, некогаш и пред 4. Моментално сме двајцата со сопругот, береме по 5 часа до 10 часа сме на тутунот. Имаме околу 1 хектар пипер за ајвар. Имаме овоштарство-сливи стенлија, па и компир за домашни потреби. Ако си добро организиран и ако работиш плански, можат да се постигнат сите работи, истакна Сашка.

Share
Прочитај повеќе

Два пати е зголемено земјоделското осигурување

Минатата година Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој по основ помош за исплата на премии за осигурување на посевите исплатила безмалку 110 милиони денари, додека во 2017 година по истиот основ платежната агенција исплатила двојно помалку, односно 55,5 милиони денари.

Share
Прочитај повеќе

Зголемен интерес за земјоделско осигурување во Полошкиот регион

-Трибината во Општина Тетово е одличне начин на заедничка средбат помеѓу земјоделците од полошкиот регион и осигурителните компании. И понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите средби, бидејќи сме убедени дека само со директна комуникација, едукација и објаснувања земјоделците ќе можат да ги искористат средствата кои ги нудат осигурителните компании, но и фондовите кои владата ги има предвидено за развој на земјоделието, рече Селами.

Share
Прочитај повеќе

Штетите во земјоделството од временските неприлики ги алармираат земјоделците

-Јас досега сум немал проблеми со ниедна осигурителна компанија, но сега гледам дека не сум ги знаел сите начини и модели на осигурување кои се нудат. Трибината, која е дел од кампањата „Не гледај во небото, осигури се“, ми беше од големо значење, затоа што на едно место, пет осигурителни компании ни ги претставија моделите и начинте на исплата. Добро е да има почесто вакви едукативни трибини, изјави Димо Станоев од Кавадарци.

Share
Прочитај повеќе