Првата современа фабрика за отпад во земјава ќе се гради наредната година

Современиот систем за управување со отпад или како што ја нарекуваат регионалната депонија кај светиниколското село Мечкуевци ќе почне да се гради во втората половина на 2021 година.

Share
Прочитај повеќе

Поставени основите за национална стратегија за намалување на загуби и отпад од храна

Загубата и отпадот од храна е голем и комплексен проблем што директно ги засега националните и корпоративните политики, природните ресурси, климатските промени, економиите и пазарите, однесувањето и културата на луѓето, социјалните услови, технологијата, инфраструктурата и инвестициите.

Share
Прочитај повеќе

Во земјава се создаваат 12 илјади тони отпад, храна која може да нахрани 26 илјади сограѓани

Според податоците на „Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации“ (ФАО), во нашата земја, 30 проценти од храната завршува како отпад. И тоа нависитна е голема штета. Затоа што со намалување на количеството отпад од храна и дистрибуција на вишокот храна на луѓето на кои навистина тоа им е потребна, Северна Македонија дополнително може да го намали проблемот со сиромаштијата, но и да ги поттикне веќе воспоставените позитивни промени во општеството.

Share
Прочитај повеќе

Вработените и риболовците заедно ја чистеа околината на Стрежевското езеро

Се собираа несоодветно расфрлените отпадоци во околината (комунален отпад: пластика, хартија и картон), со што беше постигнат значаен ефект кон расчистување на овој дел од отпадоци, но сепак пред се човечкиот фактор е пресуден за надминување на овој глобален проблем поради што апелираме одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена, додаваат од ЈП “Стрежево“.

Share
Прочитај повеќе

Трета работна сесија во Новаци за „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини”

-Во рамки на овој проект, општина Новаци располага со 216.000 евра и тие средства ќе се вложат за набавка на механизација, која пак ќе послужи за собирање биомаса. Во следната фаза, биомасата ќе ја користиме за загревање на парен котел и за затоплување на детската градинка во Новаци. Проектот се имплементира во три фази, првата фаза е набавка на трактор, втора фаза приклучна машина и трета фаза котел за затоплување и балирачка, истакна градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски.

Share
Прочитај повеќе

Наместо да се горат милиони, да се користи отпадот од лозјата

Во Росоман е купена локација за капацитет за преработка на остаток од лозови прачки во пелети за огрев. Целта е паметно да се искористи отпадот од лозјата и насадите со праски и други овошки, но и да се избегнат и загадувањето на околината, кое се прави со традиционалното палење на отпадот, како и пожарите кои притоа настануваат.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Ги поддржуваме законските решенија за регулирање и редуцирање на отпадот на храна

Денеска во Загреб, Николоски присуствуваше на состанок на министрите од Западен Балкан, организиран од страна на Томислав Толушиќ, министер за земјоделство на Република Хрватска.  Се дискитураше за теми кои се важни за целиот регион, првенствено иницијативата за воспоставување на директива на фер трговска пракса, регистрирање на традиционални земјоделски производи и справувањето со вишокот на храна.

Share
Прочитај повеќе