Одложен стартот на есенската сеидба во Пелагонија

-Врнежите од дожд кои беа забележани на почетокот на минатата недела, од околу 10 литри на квадратен метар, беа недоволни за да овозможат соодветна обработка на почвата. Заради сушата земјата тешко се обработува и ги зголемува производните трошоци, истакна Зоран Бардакоски, раководител на одделение во АПРЗ-Битола.

Share
Прочитај повеќе

Пелагонија „жедна“ за млад агро-едуциран кадар

Можноста за брзо вработување е голема бидејќи сите наши струки на учениците им нудат вработување веднаш по завршување на средното образование. Со стекнатите знаења, тие ќе може да работат индивидуално бидејќи ќе бидат агро-стручни, ќе може да се вработат во приватни компании кои се занимаваат со земјоделство или во јавен сектор. Можностите кои ги нуди земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, бројните ветеринарни амбуланти во овој регион, мали и средни претпријатија во агро бизнисот се големи, вели Кривевски.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од пелагониско од денес ќе пријавуваат штети од невремето

Земјоделците од утре во наредните четири работи дена ќе можат да ги пријавуваат штетите. Од општина Могила апелираат попрецизно да ги обележат парцелите, но и да се организираат заедно по местата со цел општинската комисија побрзо да ги направи проценките. Откако земјоделците ќе ги поднесат барањата, после вторник наредната недела, комисијата ќе излезе на терен. Проценката на оваа комисија ќе биде првична, а потоа ќе се чека од министерствата и бирото за судско вештачење за да дадат завршна проценка.

Share
Прочитај повеќе

Општина Могила врши увид на штетата врз земјоделските култури по вчерашното невреме

– Општинската комисија е формирана и е на терен. Според информациите штети се предизвикани врз сите земјоделски култури, а најмногу врз тутунот. Но, увид ќе биде извршен насекаде и ќе постапуваме согласно закон и нашите надлежности, соопшти Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила. 

Share
Прочитај повеќе

Денешното невреме предизвика големи штети во Пелагонија

Невремето што попладнево зафати делови од Пелагонија, предизвика големи штети врз земјоделските посеви, посебно во село Српци и неговата околина, каде врнеше град со големина на орев. Оштетувања најмногу има кај тутунот, но земјоделците, велат дека уништено е се што е посадено.

Share
Прочитај повеќе

„Стрежево“ заштитник од поплави во Пелагонија

Досега акумулирани се 87 милиони метри кубни вода, или три четвртини од капацитетот. Анализите велат дека овој и следниот месец дотоците ќе бидат зголемени. Ќе продолжиме со прибирање на водите, но ќе внимаваме и на безбедносниот аспект, велат од менаџерскиот тим.

Share
Прочитај повеќе

Пелагонија не е загрозена од поплави

– Поплавени површини има во атарот на село Гнеотино на вливот на 13 канал во вливот на реката Црна, меѓутоа вклучени се три пропелерни пумпи кои што постојано ја исфрлаат водата и карактеристично е тоа што земјиштето таму е пониско, се јавува депресија – изјави Димче Јошевски, раководител на Регионалната дирекција за заштита и спасување.

Share
Прочитај повеќе