Нови мерки, иновации и 200 милиони евра поддршка за конкурентно земјоделство, најавува Владата

Владата најавува и навремена исплата на директната поддршка: 30 отсто од висината на основните мерки 30 дена по аплицирањето и 70 проценти според календарот на исплата. Календарот ќе се регулира со закон, за земјоделците точно да знаат кога можат да ги очекуваат средствата.

Share
Прочитај повеќе

Државата ќе интервенира со субвенции за помош и на лозарите и на винариите, визбите да го почитуваат договорот за откупните цени

Со 4 денари државата ќе интервенира за вранецот и смедеревката, а со 2 денари ќе интервенира за високосортното грозје. Дополнително се останува на супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино, и 30 проценти супституција за флашираното вино.

Share
Прочитај повеќе

До модерно и иновативно земјоделство, со правилна политика за управување со земјоделско земјиште

Преку продажбата на државното земјоделско земјиште на физички или правни лица ќе се создадат услови да се зголеми процентот на обработка на земјоделско земјиште. Со стекнувањето на сопственост на земјоделското земјиште ќе се олесни пристапот до кредити и користење на меѓународните фондови за сите оние кои сакаат да инвестираат во земјоделството.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Нафтата што се користи за земјоделска механизација ќе биде 100% покриена од државата

Мораме да одиме напред. Во големото друштво на Европската Унија мора да си го најдеме нашето место. А земјоделството е една од гранките што носи такви предности. Она што ќе не направи достојни за тоа друштво и она што ќе ни даде вредност, ќе не направи различни.

Share
Прочитај повеќе

Сите што останале без работа од 11 март до 30 април, да аплицираат за паричен надоместок во Агенцијата за вработување

Аплицирањето е веќе во тек. Сите оние кои имале прекин на работен однос во посочениот период треба да поднесат барање до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување. Рок за поднесување на барањата е 26 јуни. Досега во Агенцијата се пристигнати над 2.300 барања.

Share
Прочитај повеќе

Младите ќе добијат еднократна помош од 3.000 денари за купување македонски производи и услуги

Средношколците не помлади од 16 години и редовните студенти не постари од 29 години се дел од листата корисници на финансиска поддршка предвидена со третиот владин сет на економски мерки. За нив, предвидени се 3.000 денари, кои ќе ги добијат еднократко преку платежна картичка на која ќе стои ознаката „Купувам домашно“.

Share
Прочитај повеќе

Владата донесе интервентна мерка во износ од 3 денари по килограм за продадена зелка во периодот од 5 април до 5 мај 2020 година

Финансиската поддршка во износ од 3 денари по килограм, ќе се исплати за количини кои се продадени во периодот од 05. април до 05. мај 2020 година.

Share
Прочитај повеќе

АХВ со институционална поддршка во борбата со Корона вирусот

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес отстапи на користење уште две автоматски прскалки за дезинфекција на возила на Министерството за внатрешни работи и Царинската управа на Република Северна Македонија, како дел од институционалните активности за поддршка на реализацијата на мерките на Владата во борба со Корона вирусот.

Share
Прочитај повеќе

ЈП Стрежево без надоместок ќе испорачува технолошка вода и донира 1000 маски и 1000 ракавици

Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола со цел да даде што поголем придонес во борбата против ширењето на вирусот Ковид 19 во нашата земја, во еден исклучително тежок период на глобално ниво, период кога хигиената и користењето на водата претставува основна превенција за заштита од зарази, се одлучи да започне со бесплатна испорака на технолошка вода, првенствено за потребите на комуналните претпријатија на општините кои гравитираат кон хидросистемот “Стрежево”, односно општините Битола, Новаци и Могила.

Share
Прочитај повеќе

Не ги палете стрништата – Град Скопје бесплатно ги подига остатоците од бербата

Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Share
Прочитај повеќе