Одржана работилница за новите обврски на ветеринарните друштва

Во работилниците кои треба да се одржат следниот период како дел од првиот модул, предвидена е реализација и на неколку обуки кои ќе се однесуваат на ветеринарните посети со клинички преглед во поглед на благосостојбата на одгледувалишта за свињи.

Share
Прочитај повеќе

Суровото млеко ќе се продава во млекомати, а сирењата на нашите баби во маркетите

Наскоро индивидуалните земјоделски производители ќе можат легално да ги продаваат своите производи во маркетите. При тоа, ќе бидат загарантирани барањата за безбедност на храната, но и ќе се заштити традиционалното производство на храна од животинско производство.

Share
Прочитај повеќе

Од 1 мај на сила новиот Правилник: Нема веќе плаќате месо – добивате вода

-Ова практично ќе значи детално информирање на купувачите за тоа каква храна купуваат и консумираат. Задолжително ќе биде декларирањето на потеклото на месото, наведувањето дали производот е од свежо или замрзнато месо, колку од вкупните протеини се животински, односно колку од животинските се колагени кои имаат пониска нутритивна вредност. Тука се можни економски добивки, преку вметнување повеќе колагени и нивно прикажување како протеини, нагласи диекторот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

Се изготвува нов правилник за подобри услови за индивидуалните производители на анимални производи

– Очекуваме правилникот да почне да се применува од идната година, но, паралелно со неговото изготвување, ќе мора да се направат и водичи, и за инспекцијата и за производителите. Да се објасни детално што е потребно за секое производство, што е дозволено, зашто, нормално, секое има своја специфика. Не може да бидат исти условите за колбаси, сирења или јајца, вели професорката од Факултетот за земјоделски науки и храна Соња Србиновска.

Share
Прочитај повеќе

Со нов правилнк ќе се дозволи минимално присуство на ГМО во храната

-Ние до е-влада доставивме предлог Правилник. Во правилникот, покрај начинот како ќе се спроведува е предвидена и границата на толеранција или прифатливост на случајно или техничко неизбежно присуство на ГМО храна во текот на производството. Би сакал да кажам дека практично со ова ќе се усогласиме со Европската регулатива или со законодавството таму. Тоа значи дека прагот на тоа што не е ГМО храна ќе биде утврден, соопштија од АХВ. 

Share
Прочитај повеќе

Се изготвува правилник со нови мерки за земјоделските задруги

-Од други држави веќе доаѓаат и го заземаат нашиот простор. Во последните години може да се слушне дека имаме постојано проблем со одредени производи. Затоа и идејата е да се поттикнат земјоделците на соработка. Се додека земјоделецот сам бере и пакува, ќе имаме проблем, напомена Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Мелничарите се заканија дека нема да откупуваат пченица

Домашните мелничари бараат решение на проблемите со брашното. Велат, нема да ја откупат пченицата од годинашната жетва која што се очекува да тежи 160.000 тони, доколку контролата на брашното што се увезува од Србија не почне да се врши во земјава.

Share
Прочитај повеќе

95 отсто од српското брашно ќе се контролира во Македонија

– За брашното од еден до пет килограми тешко контролните маркички да се лепат тука во Македонија и тие ќе останат да се лепат во Србија. Но, тоа е пет проценти од вкупниот увоз на брашно од Србија, кој годишно изнесува 40 илјади тони.

Share
Прочитај повеќе