До 31 декември е продолжен рокот за поднесување на барање за предадено јагне во кланичен капацитет

Ве известуваме дека е продолжен рокот за поднесувањето на Барање за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет 2019 година.
РОКОТ за поднесување е до 31 ДЕКЕМВРИ 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

Почна аплицирањето за субвенции за произведено и предадено грозје во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на финансиска поддршка во земјоделството дека од денеска до 25- ти декември 2019 година, може да се поднесуваат барања за добивање на средства од мерката 1.20 – а.

Share
Прочитај повеќе

Започна аплицирањето за субвенции за трета фаза млеко и за заклани и предадени несилки во преработувачки капацитети

Барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски  најдоцна до  5- ти ноември 2019 година. Висината на поддршката за произведено и предадено овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.

Share
Прочитај повеќе

Околу 3.000 земјоделци веќе поднеле барањe за субвенции за 2019 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира корисниците на финансиската поддршка, по пополнување на барањата да ги проверат податоците, онаму каде имаат одредени отстапувања потребно е во рок од 30 дена да извршат корекции. Рокот за поднесување на барања е до 30-ти мај 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

Во тек аплицирањето на лозарите за субвенции за предадено грозје во регистрирани визби

-Тие заедно со апликацијата која ја добиваат од кај нас, треба да достават и белешка од Винарската визба како потврда за предадените количества грозје, појаснува Зоран Наковски.

Share
Прочитај повеќе

Заврши пријавувањето на штети во Могила, најмногу настрадан тутунот

Заклучно со 16 јули кога беше и крајниот рок за пријавување, поднесени се околу 150 барања, а зафатени се од 350 до 400 хектари обработливо земјоделско земјиште, вели градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска. Земјоделците од овие села најмногу штети имаат пријавено за тутунот, потоа се житните култури и лозовите насади.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од пелагониско од денес ќе пријавуваат штети од невремето

Земјоделците од утре во наредните четири работи дена ќе можат да ги пријавуваат штетите. Од општина Могила апелираат попрецизно да ги обележат парцелите, но и да се организираат заедно по местата со цел општинската комисија побрзо да ги направи проценките. Откако земјоделците ќе ги поднесат барањата, после вторник наредната недела, комисијата ќе излезе на терен. Проценката на оваа комисија ќе биде првична, а потоа ќе се чека од министерствата и бирото за судско вештачење за да дадат завршна проценка.

Share
Прочитај повеќе

Од денес се поднесувуваат барања за субвенции за предадено млеко – втора фаза

Денеска започна рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април 2018 година и ќе трае до 15 јуни 2018 година, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. 

Share
Прочитај повеќе

Пријавување субвенции за млеко уште денес и утре

Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар кравјо и 4 за овчо и козјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат до 23-ти мај во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

Share
Прочитај повеќе

Започнува пријавувањето за субвенции за млекото

Висината на поддршката изнесува 4 денари по литар за овчо и козјо млеко и 3,5 денари по литар за кравјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Share
Прочитај повеќе