Започна аплицирањето по Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2019 година е започнат и ќе трае до 30 мај.
Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица. 

Share
Прочитај повеќе

Преку Програмата за рурален развој обезбедени се 38 милиони евра за поддршка на 206 општински проекти

-Преку мерките од Програмата за рурален развој наменети за општините, им овозможуваме на општините да аплицираат за проекти за капитални инвестиции во инфраструктура, изградба на локални патишта, домови, зелени пазари, урбана опрема и друго, истакна Министерот Љупчо Николовски, при неговата денешна посета на Валандово.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ и производителите на јаболка се договорија, за една недела ќе подготват заеднички предлози

-До 1-ви март ќе излеземе со заеднички предлози и мерката би се донесла после претседателските избори, бидејќи сега сме ограничени за менување во годишната програма поради предизборниот период. Во врска со времената мерка што заврши на 25 декември лани, калкулациите беа тие 3 денари по килограм за предадено индустриско јаболко, да се трансформираат во субвенциите по хектар. Затоа во новата Програма за 2019 година, субвенциите за одржување на насади се зголемени од 39.000 денари по хектар на 50.000 денари, со тоа што имаат дополнителни 15% за подрачја со ограничнеи можности над 700 метри надморска височина, а Ресен влегува во таа категорија, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар. Тоа е прифатено и поздравено од овоштарите“, изјави шефот на кабинет на МЗШВ, Трајан Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Во Програмата за рурален развој за 2019 за прв пат се воведува мерката „Соработка“

Во Програмата за рурален развој за 2019 за прв пат се воведува мерката „Соработка“, чија цел е финансиски да поддржува токму ваков тип на соработки помеѓу три страни од интерес, кои ќе придонесат за додадена вредност, идентитет на производството и иновации преку поврзување на производителите, трговските компании и институти за развој на нови производи и производни процеси.

Share
Прочитај повеќе

Производителите на јаболка утре ќе имаат средба со претставници од МЗШВ

МЗШВ и во новата Програма за директни плаќања по консултациите со овоштарите направи промени за развој на оваа гранка, со цел од една страна да им се овозможи на производителите на јаболка рентабилно производство, а друга страна да се обезбеди квалитетно и конкуретно производство.

Share
Прочитај повеќе

Со развојни мерки до зголемено производство, во новата Програма за финансиска поддршка се воведуваат субвенции за „зелена нафта“

Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесува 6.000 денари по хектар, додека 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, односно онаа категорија која тешко може да ги исполни стандардите кои ќе се воведат во процесот на усогласување со ЕУ, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Со новата Програма за рурален развој, 20.000 евра за мерката Млад Земјоделец

МЗШВ ги зголемува субвенциите од досегашните 10.000 евра на 20.000 евра по корисник. Дополнително, се воведуваат законски измени преку кои се отстранува границата од 18 месеци за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што се отвора мерката за повеќе млади луѓе.

Share
Прочитај повеќе

Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата вчера ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, со цел да бидат остварени политиките за рурален развој, кои се насочени кон поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, во водостопанството и јавната инфраструктура и подобрување на животот во руралните средини;

Share
Прочитај повеќе

Состанок на Подсекторската група на МЗШВ за предлог Програмата за директни плаќања во земјоделството за 2019 година

Дел од новините кои се предложени од МЗШВ се однесуваат на издвојување на оризот од досегашаната категорија на растително производство како посебна култура. На овој начин се зголемува субвенцијата за ориз од сегашните 6.000 денари по хектар за безсеменски ориз на 18.000 денари, а за семенски ориз од 12.000 денари на 30.000 денари по хектар за следната 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

Потпишување на Рамковната програма на ФАО за Македонија 2018 – 2020

Во Владата на Република Македонија денеска ќе бидат потпишани Програмската рамка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за Република Македонија (2018-2020) и Првиот проект имплементиран од ФАО за Република Македонија, финансиран од Програмата за подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд.

Share
Прочитај повеќе