Одложен стартот на есенската сеидба во Пелагонија

-Врнежите од дожд кои беа забележани на почетокот на минатата недела, од околу 10 литри на квадратен метар, беа недоволни за да овозможат соодветна обработка на почвата. Заради сушата земјата тешко се обработува и ги зголемува производните трошоци, истакна Зоран Бардакоски, раководител на одделение во АПРЗ-Битола.

Share
Прочитај повеќе

Едукативна работилница посветена за есенската сеидба и начините на ѓубрење во организација на здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“

-Сите знаеме различни начини на обработка на земјата, но сите главно се задржуваат на старите технологии. Јас препорачувам, сега за подготовка на есенската сеидба да не орате, само да подривате. Тоа е најпотребно и најефикасно, верувајте. Јас работам на тој принцип и тука и на моите земјоделски површини во Бугарија. Исто така, пченката ја одгледуваме без наводнување, истакна Стоименов пред присутните кои со големо внимание го слушаа, воодушевени од неговото широко познавање.

Share
Прочитај повеќе

Започна есенската сеидба во поширокиот кумановски регион

Есенската сеидба во поширокиот кумановски регион започна, но се одвива отежнато поради недоволната влажност на почвата, информираа стручните служби од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопнаство и шумарство. Оттаму појаснуваат дека најавените врнежи од дожд ќе  ја подобрат влажноста на почвата и ќе овозможат полесна обработка на земјоделските површини.

Share
Прочитај повеќе

Доцни есенската сеидба во струмичко

Причина плус за пробивање на оптималните рокови кои вообичаено почнуваат околу средината на октомври е таканаречената ротацијата на површините кои претходно биле засадено со други култури а сега се планираат   за некоја од житните.

Share
Прочитај повеќе

Зелена нафта – до почетокот на есенската сеидба

Во платежната агенција – АФПЗРР, преку која ќе се реализира мерката се прават подготовките за неопходните картички што  ќе ги добиваат земјоделците. Целиот процес би требало да заврши најдоцна до октомври  пред почетокот на есенската седидба кога се очекува  да почне да се користи зелената нафта.

Share
Прочитај повеќе

„Стрежево“ заштитник од поплави во Пелагонија

Досега акумулирани се 87 милиони метри кубни вода, или три четвртини од капацитетот. Анализите велат дека овој и следниот месец дотоците ќе бидат зголемени. Ќе продолжиме со прибирање на водите, но ќе внимаваме и на безбедносниот аспект, велат од менаџерскиот тим.

Share
Прочитај повеќе

На 300 хектари ќе се садат новите пролетни култури во Дебарско

– Од вкупно планираните површини, 180 ќе бидат засеани со житни култури, од кои 165 со пченка, 10 со пролетен јачмен и 5 хектари со овес. Што се однесува до градинарските култури тие ќе се најдат на 40 хектари, главно пипер, домати, кромид и бостан. Останатите 75 хектари ќе бидат засеани со фуражни култури, односно 50 со луцерка и 25 други фуражни култури, изјави Арбен Муладаути, овластен раководител на Подрачната единица на МЗШВ во Дебар.

Share
Прочитај повеќе

Пелагонија не е загрозена од поплави

– Поплавени површини има во атарот на село Гнеотино на вливот на 13 канал во вливот на реката Црна, меѓутоа вклучени се три пропелерни пумпи кои што постојано ја исфрлаат водата и карактеристично е тоа што земјиштето таму е пониско, се јавува депресија – изјави Димче Јошевски, раководител на Регионалната дирекција за заштита и спасување.

Share
Прочитај повеќе

Ќе доцнат пролетните активности по нивите

Поради дождовите земјоделците не може да влезат во нивите и пролетните активности ќе доцнат најмалку 15 – ина дена, констатираат агрономите. Во Прилепско нема поплави, за една недела наврнале 30-ина литри, но почвата е презаситена со влага. Тутунарите подоцна ќе  почнат со расадопроизводстото.

Share
Прочитај повеќе

Ниските температури ќе ги зголемат производствените трошоци

Во напредна фаза е и расадопроизводството за доматите, пиперките и краставиците кај кои  во овој период треба да се посвети големо внимание, посебно во делот на затоплувањето и наводнувањето.

Share
Прочитај повеќе