Се одржа манифестацијата за избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2019 година

-Почитувани гости, драго ми е што сум дел од ваков настан, каде сите чинители од секторот се на едно место. Ние како министерство и понатаму ќе продолжиме да работиме во насока на осовременување на секторот земјоделство и да донесуваме мерки во корист на најважните-земјоделците, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Благе Цветковиќ.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Со новиот Закон за земјоделско земјиште овозможуваме правилна распределба на земјиштето и ги решаваме проблемите на земјоделците

✅ Младите земјоделци ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина,
✅ Пчеларите ќе можат да добијат државно земјоделско земјиште,
✅ Се овозможува изградба на објекти за промоција на земјоделските производи и спортско рекреативно објекти

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Во амбиент на жетва, со насмеани земјоделци и расположен премиер, првите картички за „зелена нафта“

-А задоволството на земјоделците беше нескриено, тие всушност и најдобро знаат што значи ова за нив, за нивното производство, за нивната заработка. Оти нели, сите работиме за да заработиме, а земјоделското производство да го направиме конкурентно, истакна Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Заедно со тимот ќе се фокусираме на успешно реализирање на започнатите проекти

-Нормално дека има разлика од позицијата соработник и прв човек на министерството, но има и предност а тоа е дека сум запознат со целокупната состојбата во секторот, со институцијата, со секоја мерка, политика и проект, што е олеснителна околност во насока на успешно продолжување на сето она што го започна претходниот министер, Љупчо Николовски, истакна Димковски во ексклузивно интервју за печатеното списание „Современо Земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Шекеринска и Димковски: Со ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2 до рентабилно земјоделско производство и развој на руралната економија

„Ваквите успешни примери, покажуваат дека земјоделците ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови и инвестираат во модернизирање на сопственото производство, и знаат дека на крајот тоа ќе им се исплати. Со можноста којашто ја нуди оваа мерка од ИПАРД, за инвестиции во набавка на механизација, ќе се придонесе за рентабилно производство преку намалени трошоци за земјоделско производство и подобрување на квалитетот на земјоделските производи“, изјави министерот Димковски, додавајќи дека освен преку оваа мерка, намалувањето на производствените трошоци ќе се постигне и со мерката за кофинансирање за набавка на гориво за земјоделска механизација.

Share
Прочитај повеќе

Трибина за зголемување на земјоделското осигурување: Не гледај во небото, осигури се!

Во вторник  во Прилеп ќе биде последната трибина од оваа фаза на едуктивната кампања за зголемување на земјоделското осигурување. Следува подготовка на видео кампања како и информации преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација со земјоделците со цел подигнување на јавната свест за земјоделското осигурување.

Share
Прочитај повеќе

Под слоганот „Не гледај во небото, осигури се“ , трибина во Ресен

Со трибина во Ресен на 8 јули, продолжува  едукативната кампања за подигнување на јавната свест за земјоделско осигурување во организација на земјоделското здружение „Современо земјоделство“ и осигурителени компании, а со поддршка од Владата на Република Северна Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Со изградбата на браната Отиње ќе се овозможи наводнување на околу 200 хектари земјоделска површина

Изградбата на оваа брана ќе придонесе за навремено обезбедување на техничка вода, заштита од поплави, сурова вода за пиење, но и она што е најважно за секторот земјоделство, со водата од браната ќе се овозможи и наводнување на околу 200 хектари земјоделска површина.

Share
Прочитај повеќе

Зголемен интерес за земјоделско осигурување во Полошкиот регион

-Трибината во Општина Тетово е одличне начин на заедничка средбат помеѓу земјоделците од полошкиот регион и осигурителните компании. И понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите средби, бидејќи сме убедени дека само со директна комуникација, едукација и објаснувања земјоделците ќе можат да ги искористат средствата кои ги нудат осигурителните компании, но и фондовите кои владата ги има предвидено за развој на земјоделието, рече Селами.

Share
Прочитај повеќе

Штетите во земјоделството од временските неприлики ги алармираат земјоделците

-Јас досега сум немал проблеми со ниедна осигурителна компанија, но сега гледам дека не сум ги знаел сите начини и модели на осигурување кои се нудат. Трибината, која е дел од кампањата „Не гледај во небото, осигури се“, ми беше од големо значење, затоа што на едно место, пет осигурителни компании ни ги претставија моделите и начинте на исплата. Добро е да има почесто вакви едукативни трибини, изјави Димо Станоев од Кавадарци.

Share
Прочитај повеќе