МЗШВ со своите политики носи прогрес во сточарството

-Веќе ги гледаме резултатите на терен. Во декември минатата година, го означивме стартот на набавката при што во с. Логоварди беа набавени 159 јуници, а денеска сме сведоци на уште една набавка на 96 јуници во с. Соколарци во вредност од над 10 милиони денари, истакна министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски оствари средба со г-ѓа Кеико Ханеда, амбасадор на Јапонија во РСМ

Двете страни се согласија дека средствата ќе бидат искористени за земјоделска механизација, и по добивање на согласност од Јапонската Влада веднаш ќе биде објавен повик за бескаматни кредити со грејс период со цел за обезбедување на потребната механизација за земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Продлабочување на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина во областа на трговијата со земјоделски и прехранбени производи од растително и животинско потекло

Во рамките на посетата се иницираа различни прашања кои се однесуваат на трговските односи, кои вклучуваат инспекциски надзор и регулирање на карантинот на производите кои се извезуваат во Народна Република Кина.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски оствари средба со Џанг Ѕуо, амбасадор на Н.Р. Кина во Северна Македонија

Амбасадорот изрази убедување дека развојот на трговските и економските односи ќе продолжи поинтензивно, особено во рамки на Процесот за соработка „17+1“, а потенцираше дека е важно да се олесни пристапот до пазарот за неколку македонски производи како виното, оризот и тутунот, за кои постои потенцијал и интерес за соработка од кинеската страна.

Share
Прочитај повеќе

Димковски оствари средба со заменик-министерот за земјоделство на Руската Федерација, Левин :Заеднички ќе се работи на зголемување на трговската размена

Министерот Димковски, посочи дека МЗШВ ќе ја продолжи поддршката на саемите „Продекспо“ и „Мир Питание“, како и на Македонскиот дом во Москва. На состанокот Димковски и Левин се согласија за продолжување на соработката помеѓу македонската Агенција за храна и ветеринарство  и Фитосанитарните служби со Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор – Росселхознадзор, што е важно за непречена трговска размена помеѓу двете земји.

Share
Прочитај повеќе

Прва средба на ко претседателите на македонско-руската Меѓувладината Комисија за трговско- економска и научно – техничка соработка

На средбата се разговараше за повеќе теми меѓу кои и за неискористениот потенцијал во економската соработка. Димковски и Груздев, се договорија да бидат проучени можностите за реализирање на конкретни иницијативи и заеднички проекти.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски оствари средба со амбасадорот на Исламска Република Иран, Хоссеин Карими

Денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски имаше работен состанок со амбасадорот на Исламска Република Иран, Неговата Екселенција, Хоссеин Карими. На состанокот едни од главните теми беа зголемување на трговската размена и намалување на царините меѓу двете земји. 

Share
Прочитај повеќе

За прв пат потпишана Декларација за соработка во областа на земјоделството помеѓу Република Северна Македонија и Република Чешка

Со Декларацијата е предвидена взаемна соработка на двете држави во делот на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи, размена на искуства во областа на здравјето на растенијата и фитосанитарна политика,шумарската политика, соработка во евро-интегративните процеси во земјоделските и руралните сектори, како и шумарството, рибарството и аквакултурата, лозарство, производство на вино, консолидација на земјоделско земјиште, осигурување и инструменти за финансиска поддршка во земјоделството и друго.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски од саботата е во тридневна официјална посета на Република Чешка

Во склоп на посетата на Р.Чешка, министерот Николовски присуствуваше и на Националниот саем за сточарство што се одржува во Брно, Р. Чешка придружуван од делегација од МЗШВ и од пет македонски компании од агросекторот.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов

-На денешниот работен состанок ја потврдивме одличната соработка меѓу стручните служби на министерствата од двете земји, во однос на поддршката во ЕУ интеграцискиот процес, финансиските инструменти, фитосанитарната и ветеринарна политика и во шумарството, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе