Се зголемуваат субвенциите за грло говеда и за предадено млеко, ќе има и повици за државно земјиште за сточари

Се зголемуваат субвенциите за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло. За прв пат се воведува дополнителна субвенција по квалитет на млеко. Ако досега производителите на кравјо млеко кои произведуваа млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко се зголемува од 4,5 денари по литар на 5,5 денари по литар млеко.

Share
Прочитај повеќе

Отворен нов јавен повик за сточарите

Фармерите кои од почетокот на годинава до крајот на септември 2021 година, набавиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи или пак пчелини матици од одобрени одгледувачишта,ќе можат да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Хоџа одржа состанок со одгледувачите на овци

Состанокот беше организиран со цел да се обезбеди темелен и навремено подготвен старт на откупот на пролетно јагне.

Share
Прочитај повеќе

Хоџа: Со сточарите имаме иста цел – зголемување на сточарското производство

-Продолжуваме да ги менаџираме состојбите во сточарското производство заедно со оние кои се директни учесници, а тоа се и сточарите и кланичните капацитети, истакна Хоџа.

Share
Прочитај повеќе

Хоџа: Со ребалансот на буџетот ќе се исплатат сите мерки од 2019 година

Министерот Хоџа информираше дека со новиот ребаланс на буџетот на Република Северна Македонија, кој е усвоен од Владата, предвидени се финансиски средства за исплата на сите мерки од 2019 година вклучително и мерката за предадено млеко во преработувачки капацитети.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Хоџа одржа средба со одгледувачите на овци

Согласно заклучоците од денешниот состанок, министерот Хоџа ќе ја информира Владата за барањата на одгледувачите на овци, со цел изнајдување на дополнителни средства наменети за поддршка на подсекторот овчарство.

Share
Прочитај повеќе

Нов јавен повик: На располагање нови средства за кофинансирање на веќе набавени пчелини матици и педигрирани чистокрвни или хибридни свињи

Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник.

Share
Прочитај повеќе

Дополнителна субвенција од 400 денари за предадено јагне

За да се намалат загубите на одгледувачите на овци Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи да воведе нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари по грло.

Share
Прочитај повеќе

Работна средба во МЗШВ за состојбата со откупот на јагне

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со својот тим и со посебната советничка за земјоделство на Претседателот на Владата на РСМ, Ленче Николовска, имаше работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагне за состојбата со откупот.
-Се очекува откупот да тече непречено, а ние како ресорно министерство ќе ја следиме состојбата и нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци да имаат загуба од нивниот производ, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Повеќе од 180 земјоделци на трибината во Велес, заедно со министерот Николовски дискутираа за сите теми од земјоделството

Во врска со информациите во дел од медиумите дека сточарите ја напуштиле трибината, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорно известува дека трибината ја посетија повеќе од 180 земјоделци  кои присуствуваа и активно дискутираа повеќе од два часа, до крајот на настанот, на разни теми од сите области на земјоделството. Неуспешен беше обидот на десетина партиски активисти да создадат впечаток дека земјоделците наводно ја напуштиле трибината.

Share
Прочитај повеќе