Општина Струмица ја заврши проценката, невремето во јули предизвикало штета од над 34 милиони денари

Од посадените земјоделски култури најмногу штета има на посевите со индустриска пиперка на отворено 54,8 хектари како и засадена во фолии 7,3 хектари при што има и уништено пластеници од силниот ветер. Оштетени посеви со пченка на 13,1 хектари, пченица 14,4 хектари, како и штета на посеви со бостан, дињи, зелка на отворено, модар патлиџан, карфиол и други земјоделски култури. Штети имаше и на долгогодишни насади – сливи, круши и лозје, рече Ѓоргиев.

Share
Прочитај повеќе

Заврши проценката на штетите од невремето кое зафати дел од струмичкиот регион

,,Најмногу барања за проценка и утврдување на штети има од Муртино и тоа 244, имаме 61 барање од Сачево, 44 од Дабиле и околу десетина од останатите населени места во општина Струмица,, -вели Ацо Ѓоргиев, претседател на комисија за проценка на штети во општина Струмица. 

Share
Прочитај повеќе

Проценките на терен ќе покажат колкави се штетите во Струмичко

– Погодено е производството на нивите, но не очекуваме тоа да се одрази врз вкупната продукција и извозот со оглед дека досега имавме добра година – истакна министерот, додавајќи дека земјоделците сепак мора да се информираат и да се едуцираат за да го произведуваат тоа што го бара пазарот.

Share
Прочитај повеќе

Николовски ќе ги посети најпогодените места од невремето во Струмичко

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе го посети  струмичкиот регион, кој вчера беше зафатен од невреме проследено со дожд, град и силен ветар.

Share
Прочитај повеќе

Поројниот дожд и градот предизвикаа штети во Струмичко

Освен во Муртино невремето предизвика штети и во селото Сачево. Според информации од жителите има откорнати дрвја, искршени керамиди, а од градот се оштетени пластеници и посевите на отворено. 

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Откупот на лубеници се одвива непречено, да не се манипулира со земјоделците

Во последните 7 дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денес се планира откуп од околу 130 тони лубеница.
Според Подрачната единица во Струмица, во следните денови се планира откуп уште на 200 тони.
Откупната цена е задоволителна и се движи од 3 до 4 денари по килограм.

Share
Прочитај повеќе

Доматите и краставиците од Струмичко се извезуваат во Бугарија, Романија, Украина и поранешните југословенски републики

– Долгата краставица се откупува за 40 денари, доматите 60, пролетната зелка 20 и пиперките за 60 денари за килограм. Бугарите и Романците земаат зелка и домати, исто така и Украина. Помали количини од домати и краставици се извезуваат на просторот на поранешните југословенски републики. За лутата пиперка најмногу побарување има во Србија, каде досега е пласирано 90 отсто од прозводството, информира Блажо Витанов, трговец од Струмица.

Share
Прочитај повеќе

Високите откупни цени и субвенциите ги зголемија површините со тутун во Струмичко

– Тоа е поради добрата цена и самите субвенции што се зголемени – 80 денари за прва, 70 за втора и 60 за трета и како што е најавено од денес треба да се исплаќаат субвенциите. Тоа им дава поттик на самите производители да го зголемат производството на тутун, вели Марјан Трајков, претседател на Здружението на тутунопроизводотели „Басмак“ од општина Василево.

Share
Прочитај повеќе

Градинарските култури се заменуваат со овошни насади во југоисточниот дел

Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството велат дека главна причина за тоа се климатските промени кои последните години негативно се одразуваат на производството на отворен простор. 

Share
Прочитај повеќе

Трибина во струмичко на тема “Организирано производство и сигурен пласман”

 На трибината земјоделците се интересираа до каде е процесот за ревизијата на даденото земјоделско земјиште под концесија, бидејќи според нив дадените површини во изминатите години не се обработуваат целосно, а дополнително истото земјиште се издава под закуп.

Share
Прочитај повеќе