Се воведува субвенцијата за дополнителна мерка за заклано јагне во регистриран кланичен капацитет

Од оваа година како редовна мерка се воведува субвенцијата за дополнителна мерка за заклано јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022, во износ од 400 денари по женско јагне. 

Share
Прочитај повеќе

Зголемување на финансиската поддршка за мерката „Зелена нафта“

Со цел да се анулираат зголемените трошоци за нафта, го зголемивме износот за кофинансирање по хектар за субвенции за зелена нафта. На пример, трошоците за нафта лани за пченица биле субвенционирани со 1.250 денари по хектар, а оваа година поради зголемената цена на нафтата и ревидирање на методологијата за пресметка на висината на трошоците,  ќе добијат 1.413 денари по хектар.

Share
Прочитај повеќе

Од денеска субвенција за вграден плински уред во возилата понови од 2005 година

За оваа намена Министерството за економија денеска ќе објави јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците што ќе трае 60 дена и ќе се одвива по принципот „прв дојден прв услужен”.

Share
Прочитај повеќе

Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје

Корисници на оваа подмерка се земјоделците кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство од сортите смедеревка, вранец, картошија, станушина, бургундец црн, жилавка и кадарка од реколта 2019 година да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Дополнителна субвенција од 400 денари за предадено јагне

За да се намалат загубите на одгледувачите на овци Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи да воведе нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари по грло.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Мерката за дополнителни субвенции од 3 денари за предадено индустриско јаболко се продолжува до 30 јуни

Министерот нагласи дека се очекува да се откупи до 30.000 тона јаболка, а тоа се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Дополнителна субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпa

Земјоделците ќе добијат 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа во регистрирани откупувачи. Владата ја донесе оваа одлука поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката и многу ниската откупна цена. Со оваа нова дополнителна субвенција ќе се поттикне договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година, од што бенефит ќе имаат и земјоделците. Субвенцијата се однесува за количините кои се произведени и предадени во период од 1-ви октомври до 25 декември 2018 година и кои не надминуваат 5,5 тони по хектар.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Заедно со земјоделците работиме на нова мерка за стабилизирање на откупот на оризова арпа

Целта на новата дополнителна субвенција, на којашто како што како ресорно министерство работиме, е да се поттикне зголемување на откупот, да се раздвижи пазарот, да се зголеми откупната цена. Мерката ја креираме според барањето на оризопрозиводителите и праќаме јасен сигнал за нашата посветеност за развој на ова традиционално производство, на овој наш извозен бренд“, порача министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

До 25 декември поднесување барање за субвенции за откупено грозје

-Ќе се трудиме пред Свети Трифун, кога се закројува лозјето и  кога им требаат парите на лозарите. Се работи за 80 милиони денари ако се 80 милиони килограми. Ги чекаме апликациите до 25 декември, и на почетокот на февруари ќе ги исплатиме парите. Планирани се во Буџетот кој е веќе проектиран за 2019 година, рече Заев.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарите ќе добијат субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко кај регистрирани откупувачи

Производителите на јаболко кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи, ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка. Условот за добивање на оваа нова субвенција, е родот да е предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од 5 денари за килограм.

Share
Прочитај повеќе