Северна Македонија има капацитет и ресурси да создаде прехранбена индустрија што ќе биде еден од столбовите во економскиот пораст

Прехранбениот сектор е тесно поврзан со земјоделското производство во државата, доколку има на располагање доволно суровини со поволна цена, тој ќе се развива и шири, а потоа ќе го поттикнува земјоделството за поголемо производство, со што и понатаму ќе се зголемува рентабилноста.

Share
Прочитај повеќе

Се усогласуваат санитарните и фитосанитарните сертификати за олеснување на трговијата во рамки на ЦЕФТА

Во својство на годинешен претседавач со Поткомитетот за земјоделство во рамки на ЦЕФТА, денес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, го отвори Третиот состанок на ад хок екпертстката група за електронска размена на податоци во областа на земјоделството, санитарните и фитосанитарните мерки. Со претставници од ЦЕФТА Секретаријатот и делегатите на состанокот се разгледа работниот план за имплементација на електронската алатка за управување и следење на трговијата со животни, производи од животинско потекло, храна од животинско и неживотинско потекло , семиња, репродуктивен материјал, производи од органско потекло и дрва.

Share
Прочитај повеќе

ЕК бара Косово да ја укине мерката за зголемување на царината

“Жалиме што заштитните мерки остануваат на сила за другите земји, вклучително регионалните партнери од ЦЕФТА. Ова е загрижувачки и штетно за регионалната економска соработка. Затоа ЕК итно го повикува Косово да се однесува конструктивно за да ја реши ситуацијата без одлагање, особено со оглед на тоа дека Косово моментално претседава со ЦЕФТА”, се наведува во реакцијата на ЕК.

Share
Прочитај повеќе