Арјанит Хоџа оствари работна средба со амбасадорот на Чешка

Амбасадорот Томан вети дека Чешка, како земја-членка на ЕУ, и во иднина ќе ја развива соработката во областа на земјоделството со нашата држава.

Share
Прочитај повеќе

Во Чешка до 2027 година најмалку 85% од храната мора да е од домашно потекло

Структурата на земјоделските производители во Чешка покажува дека изминативе години се случи раст на одреден број компании на штета на малите производители, а малиот број компании преземаа и најголемо „парче од колачот“ од Европските фондови.

Share
Прочитај повеќе

Чешките маркети преплавени со македонска зелка

Македонската зелка ги преплави чешките маркети, поради сушата во опкружувањето. Овој вид на зеленчук расте без наводнување и токму поради сувиот период го нема како домашен производ на чешкиот пазар, а како алтернатива се увезува македонска зелка преку дисконтни цени од Германија.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски во Р. Чешка на бизнис средби со македонски и чешки компании

-Нашата посета на Република Чешка доаѓа во вистинско време, бидејќи развојот на сточарството, вклучително и на млекопроизводството, е од посебен интерес во креирањето на политиките на Владата на РСМ и на Министерството за земјоделство, шумарство и вододостопанство. Индустријата за млеко и млечни производи е еден од најважните сегменти во агро-индустрискиот комплекс, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

За прв пат потпишана Декларација за соработка во областа на земјоделството помеѓу Република Северна Македонија и Република Чешка

Со Декларацијата е предвидена взаемна соработка на двете држави во делот на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи, размена на искуства во областа на здравјето на растенијата и фитосанитарна политика,шумарската политика, соработка во евро-интегративните процеси во земјоделските и руралните сектори, како и шумарството, рибарството и аквакултурата, лозарство, производство на вино, консолидација на земјоделско земјиште, осигурување и инструменти за финансиска поддршка во земјоделството и друго.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски од саботата е во тридневна официјална посета на Република Чешка

Во склоп на посетата на Р.Чешка, министерот Николовски присуствуваше и на Националниот саем за сточарство што се одржува во Брно, Р. Чешка придружуван од делегација од МЗШВ и од пет македонски компании од агросекторот.

Share
Прочитај повеќе

Во Чешка се забранува фрлањето храна

Трговските ланци во Чешка повеќе не ќе можат да ги фрлаат намрниците на кои им истекува рокот на траење, што сега веќе се забранува со закон. Смрзнатите производи, овошјето и зеленчукот, како и други употребливи намирници, ќе се донираат во банката за храна и во хуманитарни организации, каде понатаму ќе се проследуваат до најсиромашните слоеви граѓани. Според Вера Дусова, од Прашката банка за храна, со донесувањето на овој закон, оваа организација ќе добива многу поголема количина но и многу поразновидна храна. Но, сепак, овој закон создава и дополнителни обврски, бидејќи храната мора да помине низ дополнителни проверки во поглед на квалитетот и исправноста, пред дефинитивно да заврши како помош за оние на кои им е потребна.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски договори соработка во областа на земјоделството со амбасадорот на Чешка

– На средбата констатиравме дека потенцијалот за соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството е голем, но генерално не е искористен. Македонија како извозник на земјоделски производи, а Чешка како производител на трактори и други машини и опрема имаат основа за понатамошни разговори, што е добра основа за зголемување на трговската размена, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе