Готови се проценките по незапамтеното невреме во Преспа: Колкави се штетите?

Во Преспа при невремето кое се случи месецов уништени се плодовите, јаболковите стебла, а дел од нив нема да имаат род и следната година.

Share
Прочитај повеќе

Непаразитски болести кај јаболката

Јаболкницата за време на суша ги отфрла плодовите, а недозреаните плодови паѓаат прерано и приносот може значително да се намали. Ако сувата сезона се совпадне со фазата на формирање на цветната пупка, приносот и во следната година ќе биде намален. Често, во такви случаи, предоцна се започнува со наводнување, па доаѓа до напукнување на плодот поради големата количина на вода за краток период.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарство-календар на активности за месец јуни

Плитката обработка на почвата штити од брзо испарување на влагата. За младите дрвца, од голема корист е покривање на почвата под нивната крошна со слама, искосена трева или друг соодветен материјал. Оваа практика е позната како прекривка и помага при разредување на поливањето и задржување на влагата.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарство – календар за месец април

Овој месец започнува интензивната заштита на растенијата кај овошните видови.
Првиот третман, во текот на самиот почеток на вегетацијата има за цел да не се дозволи
масивен развој на болестите и штетниците. Исто така, во овај период почнува и обработката на почвата за уништување на плевелите.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски во Каиро: Договорени конкретни активности за унапредување на економската и трговската соработка со Египет во областа на земјоделство

Од страна на египетскиот министер за земјоделство беа назначени лица кои ќе бидат членови на работната група, а од МЗШВ до Египет ќе бидат испратени имиња на членови од Република Северна Македонија. Исто така од страна на МЗШВ до Египет ќе биде испратен пополнет Прашалник за анализа на ризик при увоз на јаболка од РСМ во Египет, од аспект на употреба на заштитни средства.

Share
Прочитај повеќе

Јаболката ќе се донираат на сиромашните семејства

-Ние како овоштари често пати бараме пари од државниот буџет да се издвојаат за наша помош и таа помош ја добиваме, но, сега сакавме да покажеме дека имаме јаболка и ќе донираме на сиромашни семејства и други организации кои се занимаваат со хуманитарни акции, рече Менде Ивановски, овоштар од Ресен.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ и производителите на јаболка се договорија, за една недела ќе подготват заеднички предлози

-До 1-ви март ќе излеземе со заеднички предлози и мерката би се донесла после претседателските избори, бидејќи сега сме ограничени за менување во годишната програма поради предизборниот период. Во врска со времената мерка што заврши на 25 декември лани, калкулациите беа тие 3 денари по килограм за предадено индустриско јаболко, да се трансформираат во субвенциите по хектар. Затоа во новата Програма за 2019 година, субвенциите за одржување на насади се зголемени од 39.000 денари по хектар на 50.000 денари, со тоа што имаат дополнителни 15% за подрачја со ограничнеи можности над 700 метри надморска височина, а Ресен влегува во таа категорија, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар. Тоа е прифатено и поздравено од овоштарите“, изјави шефот на кабинет на МЗШВ, Трајан Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Сите производители на индустриско јаболко ќе ја добијат интервентната субвенција од 3 денари за килограм

МЗШВ информира дека сите производители на индустриско јаболко што имаат поднесено потврда за дополнителни директни плаќања за интервентната субвенција од 3 денари по килограм индустриско јаболка, ќе ги добијат парите, бидејќи субвенцијата се донесе за да им се помогне на овоштарите кои поради лошите временски услови претрпеа загуби во производството.

Share
Прочитај повеќе

Откупот на јаболка тече непречено, откупени 20.000 тони индустриско јаболко за само еден месец

Производителите на јаболка кои го предаваат своето производство кај регистрирани откупувачи кои вршат извоз, добиваат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка.
Во период од носење на мерката, односно 12 октомври, до денес се откупени 20.000 тони јаболка. Ова докажува дека мерките на Владата и МЗШВ даваат реални резултати и вистински им помагаат на земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Еден месец по воведувањето на новата интервентна мерка, откупена е една третина од индустриското јаболко

Дополнително, во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, за 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен потенцијал. За реконструкција кај овошните насади, особено кај јаболката за промена на асортимент, се воведе нова поголема субвенција од 9.900 денари.

Share
Прочитај повеќе