За висок принос на лешникот, потребно е адекватна фолијарна прихрана

Вести Овоштарство Совети

Од јуни до август, садниците со лешник, треба фолијарно да се прихранат, за да се постигне висок принос. Пред подигнувањето на самиот насад, се препорачува анализа на земјиштето, како би се оплеменило со потребните елементи.

Препораката за земјоделските производители, исто така е да се направи и да се направи  контрола на механичкиот состав на земјиштето, со можност да се корегира доколку е потребно. Ако се испочитувани сите препорачани мерки, може да се очекува дека кај насадот ќе дојде до целосна родност и ќе донесе високи приноси.

За насадите со лешници во полн род, со проектиран принос од околу 2 тони лешник по хектар, ориентациони норми се:

  • 80 кг азот (N) / ха годишно,
  • 40 кг фосфор (P) / ха годишно,
  • 160 кг калиум (К) ха годишно.

Многу е важно, овие вредности да можат да се разликуваат во зависност од староста на растението, видот на почвата и очекуваниот принос, така што се препорачува да се изврши хемиска анализа на почвата за секоја IV-V година. Мешаното минералното ѓубриво NPK (6-12-24) треба да се депонира на есен и најдобро во зоната на зоната на кореновиот систем, во спротивно после нанесувањето на ѓубривото е неопходно да се изврши механички третман (тањирање или фрезирање) со цел минералното ѓубриво да навлезе во почвата.

Формулацијата на ѓубривото NPK, зависи од хемискиот состав на почвата и количината на макроелементи во нea. Азотната (N) прихрана се врши на пролет од февруар-април, најдобро е 2/3 од препорачаното количество, и тоа најдобро е да се изврши на два пати, а останатата 1/3 од препорачаното количество се врши во периодот од октомври-ноември. Оваа есенска азотна прихрана е важна, од причина што коренот на лешникот е активен во текот на целата година и за да може да формира најдобар можен роден потенцијал за следната година.

Исто така се препорачува и фолијарна прихрана во периодот од јуни до август со фолијарни ѓубрива што содржат Бор, Магнезиум и Калциум, бидејќи тие се микроелементи кои имаат значајно влијание врз формирањето на генеративните органи на лешникот, кои се формираат во овој период.

„Современо Земјоделство“

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *