Главни карактеристики на Европскиот модел на земјоделството

  Глобализацијата на Светската трговија, зголемените барања на потрошувачката кон квалитетот на храната , грижата за чување на животната средина и ширењето на ЕУ станаа нови предизвици за европското земјоделство. Пред повеќе години центарот на европската земјоделска политика се помести од пазарни регулации кон целна поддршка, во одговор на зголемените општествени барања, односно прехранбена сигурност, квалитет на храната, ширење на асортиманот, благосостојба на животните, квалитет на животната средина и зачувување на селскиот амбиент. Тоа покажува дека времето на напори за зголемување на продукцијата е одамна одминато и дека денес европското општество има други очекувања од земјоделството.

Share
Прочитај повеќе