Серафимовски одржа состанок со производителите на јаболка од Преспанскиот регион

Вести
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски се сретна со претставници на здруженија на производители на јаболка од Преспанскиот регион.
На средбата се разговараше за очекувањата од претстојната реколта, како и за прашањата кои се важни за стабилноста и натамошниот развој на производството на јаболка.
Посебно внимание беше посветено на задругарството како модел за подобра организираност, заеднички настап и посилна пазарна позиција на производителите.
Се разговараше и за модернизацијата на производството, примената на современи технологии и развојот на органското производство, како можности за поголема конкурентност и создавање на повисока додадена вредност.
ФБ МЗШВ
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *