Николовски: ХС Злетовица го ставаме во целосна функција, на системот се приклучуваат и Карбинци, Лозово и Штип
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Пробиштип, заедно со градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов, одржаа работен состанок со менаџментот на хидросистемот Злетовица. На состанокот се разговараше за идните активности за заокружување на реализацијата на првата фаза од Проектот за водоснабдување ХС Злетовица, која се однесува на водоснабдување со квалитетна вода за пиење и поврзување на општините Карбинци, Лозово и Штип со овој систем.
Прочитај повеќе
