Активни три јавни повици преку Програмата за рурален развој 2019-та

Во четврток завршува јавниот повик за доставување на барања за добивање на финансиска поддршка мерка за набавка на приплоден добиток од Програмата за рурален развој. Оваа мерка на сточарите им овозможува набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници, педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации. Максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува до 6,5 милиони денари. Повратот на средства за оваа мерка се движи од 50 до 75 % од вкупната вредност на инвестицијата во зависност од тоа во какви услови се одгледуваат.

Share
Прочитај повеќе