Обука и за прилепскиот стационар за бездомни животни

Постапките и стандардните оперативни процедури, техниките и методите на заловување на бездомни кучиња ќе бидат тема на тридневната обука која почнувајќи од денес, на барање на јавното комунално претпријатие од Прилеп кое стопанисува со прифатилиштето за бездомни животни, ќе ја одржи Брајан Фаулкнер, експерт од Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA). На едукативната работилница покрај вработените од ова јавно претпријатие, учество ќе земат и претставници од прифатилиштата за бездомни животни од Кичево, Демир Хисар, Штип и прифатилиштето за бездомни животни од Тетово кое е во фаза на одобрување.

Share
Прочитај повеќе

АХВ го затвори стационарот „Вардариште“ на 30 дена

На сила е и изречена забрана за ловење на бездомни кучиња во рок од 30 дена. Во овој временски период ќе се ловат и во стационарот ќе се прифаќаат само кучињата кои каснале човек, односно само по поднесена претставка до Агенцијата. Официјалните ветеринари, наредија и спроведување на мерки за темелна дезинфекција дезинсекција и дератизација во стационарот во рок од 5 дена пред негово повторно отворање.

Share
Прочитај повеќе