Земјоделците веќе не гледаат во небо, туку си ги осигуруваат посевите

Земјоделците чекаат на директна помош од државата за надоместување на штетите од поплавите и други временски непогоди, а тоа во бројки изнесува околу 5 милиони евра трошок за сите оштетени, што е прилично голем износ, кој може да се пренасочи за други потреби во земјоделството. Најдобро е земјоделците да ги осигурат своите површини, односно посевите со кои тие се засеани, со што многу полесно ќе ја надоместат штетата и побрзо ќе можат да го обноват производството, вели Билјана Петровиќ од здружението „Современо земјоделство“.

Share
Прочитај повеќе