„Рурална жена – Силата на Пелагонија“ – признание за трудот, знаењето и придонесот на жените во земјоделството

По повод Меѓународниот ден на руралната жена, во Битола се одржа манифестацијата „Рурална жена – Силата на Пелагонија“, посветена на жените кои со својот труд, знаење, посветеност и претприемачки дух имаат значајна улога во земјоделството и развојот на руралните средини.

Share
Прочитај повеќе

Серафимовски одржа состанок со производителите на јаболка од Преспанскиот регион

На средбата се разговараше за очекувањата од претстојната реколта, како и за прашањата кои се важни за стабилноста и натамошниот развој на производството на јаболка.
Посебно внимание беше посветено на задругарството како модел за подобра организираност, заеднички настап и посилна пазарна позиција на производителите.

Share
Прочитај повеќе

Дизелот поевтинува за осум, а бензините за четири денари по литар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Средба на Министерот Борче Серафимовски со пчеларите

-На средбата со претставници на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија разговаравме за состојбите во пчеларството, влијанието на променливите климатски услови врз производството и потребата од поефикасна заштита на домашните пчелари од нелојалната конкуренција. Само преку отворен дијалог и координирано постапување можеме да создадеме подобри услови за развој на македонското пчеларство и заштита на квалитетното домашно производство, истакна Серафимовски. 

Share
Прочитај повеќе

Засилени контроли со сателитски снимки и за земјоделските површини пријавени за субвенции

-Со поединечни снимки во мај, јули и октомври, следиме дали вегетацијата се зголемува и дали реално таму има некаков насад. Ние, реално, не можеме да ги поминеме сите земјоделски површини. Се работи за огромна бројка. Одиме таму каде што имаме пријави за инспекторите да извршат увид. Сега, со примената на информатичките технологии и интероперабилноста на ниво на државата, многу е полесно. Ги преземаме податоците од секаде, -истакна Серафимовски.

Share
Прочитај повеќе

Серафимовски: Имаме злоупотреба на субвенциите, се користат ушни маркички од угинати грла за да се добие финансиска поддршка

Грлото угинува, а сопствениците едноставно ја земаат маркичката, ја чуваат и се уште врз основа на таа маркичка го пријавуваат животното иако е веќе угинато, го нема. Во една неофицијална акција што сега ја направивме, се покажа дека на хартија имаме скоро 400.000 овци, а реално се околу 250 до 280 илјади. Се работи за разлика од 100 до 130-140 илјади грла.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Република Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја информира јавноста и операторите со храна дека, согласно добиеното известување од Бугарската агенција за безбедност на храната, од 3 август 2026 година воведени се засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир) и Златарево (Ново Село).

Share
Прочитај повеќе

УХМР со апел до земјоделците: Наводнувајте само навечер и рано наутро – жештините ќе достигнат 40 степени

-Растенијата губат повеќе вода преку транспирација отколку што нивниот коренов систем може да прими вода од почвата. Тоа може да предизвика нарушување на водниот баланс во растението – појавата на воден дефицит и суша. Затоа е потребно редовно наводнување на културите, исклучиво во ноќните или раните утрински часови, за да се спречи шок кај коренот и големо испарување, објаснуваат агрометеоролозите.

Share
Прочитај повеќе

Појасни етикети за месото – ЕУ ги менува правилата во месната индустрија

Производителите со години се соочуваат со растечки трошоци, нестабилен пазар и сè почести болести кај животните, а новите мерки треба да им помогнат полесно да се справат со овие предизвици. Еден од главните приоритети е намалување на зависноста од увоз преку поголемо користење на домашни ресурси и зголемување на производството на протеински култури во рамките на ЕУ.

Share
Прочитај повеќе

Поевтинуваат бензините, поскапува дизелот

Според ова, максималната малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 91 денар за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 93 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ ќе биде 99,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство 98,5 денари за литар.

Share
Прочитај повеќе