АХВ и АВМУ потпишаа меморандум за соработка

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за храна и ветеринарство потпишаа Меморандум за соработка, во врска со рекламирање, телешопинг, пласирање производи и спонзорство за храна и додатоци во исхрана во програмите на радијата и телевизиите, особено во поглед на здравствените и нутритивни тврдења, за тврдењата за намалување на ризикот од болест и за измамите поврзани со храна.

Share
Прочитај повеќе