Соопштение за објавување на Јавен повик број 01/2020 за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” од областа на политиките за земјоделство и рурален развој на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија
Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во втората половина на месец јануари 2020 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства по мерка 1 “ Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”од областа на политиките за земјоделство и рурален развој на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).
Прочитај повеќе
