Склучени се 40 договори за реализација на проектот за Градење на основи за реформи во тутунскиот сектор

Склучени беа 40 договори од регионите, Радовиш, Битола, Велес,Прилеп, Демир Хисар и Крушево. Пилот активностите во зависност од регионот ќе бидат насочени кон производство на контејнерски расад за тутун, сушари за тутун за подобрување на процесот на сушење на тутунот, анализа и истражување при производството на тутун како и диверзификација на култури односно засадување на површини со луцерка, афион, стевија, ароматични растенија и пипер.

Share
Прочитај повеќе

Одложен стартот на есенската сеидба во Пелагонија

-Врнежите од дожд кои беа забележани на почетокот на минатата недела, од околу 10 литри на квадратен метар, беа недоволни за да овозможат соодветна обработка на почвата. Заради сушата земјата тешко се обработува и ги зголемува производните трошоци, истакна Зоран Бардакоски, раководител на одделение во АПРЗ-Битола.

Share
Прочитај повеќе

Голем интерес за огласот Млад Земјоделец во Општините Битола, Могила и Новаци

-Вкупно 181 апликација е направена преку службите на Агенцијата за поттик и развој на земјоделството. Земјоделците најмногу аплицираа за приклучна механизација за после бербени активности, за опрема за преработка на  земјоделски производи, но имаше и такви кои аплицираа за набавка на високо стелни јуници, пчели и опрема за пчеларство, – истакнаа од АПРЗ, дирекција Битола, во разговор за Современо Земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

АПРЗ објави јавен повик за учество во подобрување на земјоделските стопанства во Македонија

Повикот се однесува на земјоделски стопанства, производители на тутун кои имаат сопствено или земјиште во владение и доброволно ќе земат учество во проектните активности. Со проектот се обезбедуваат семенски материјал, репроматеријали и секаков вид на други набавки кои се потребни за соодветно спроведување на пилотните активности, посочуваат од АПРЗ.

Share
Прочитај повеќе

Нов советодавен систем, за поквалитетни услуги за земјоделците

Посебен фокус беше ставен на новиот предлог Закон за советодавни услуги во земјоделството кој што наскоро откако ќе завршат јавните дебати ќе влезе во владина процедура. Со законот ќе се воспостави ефикасен советодавен систем во земјоделството. Овој систем треба да овозможи зголемување на опфатот на корисниците на советодавни услуги финансирани од страна на државата, подобрување на квалитетот на обезбедените услуги, како и целосна услогласеност на советодавните активности со приоритетите и целите на земјоделската политика.

Share
Прочитај повеќе

Облагородување на диворастечки овошки во с.Маково

Локалното население од село Маково на повеќе локации во атарот на селото во соработка со локалните власти од Општина Новаци и советодавците од АПРЗ ја реализираа акцијата за калемење на самоникнати диви подлоги од круша – Горница.

Share
Прочитај повеќе

АПРЗ и „Скопски легури“ денес со заедничка трибина за квалитетот на почвата

– Задоволни од ангажманите на терен, одлучивме да организираме и заедничка трибина чија цел е да се информираат земјоделците за најдобрите земјоделски практики за подобрување на квалитетот на почвата со примена на подобрувачи, а со тоа истовремено да се намалат трошоците за обработка, ѓубрење, наводнување и третирање со заштитни средства со што ќе се добие поеколошки производ и зголемени приноси, изјави Зоран Бардакоски, раководител на одделение во АПРЗ во регионот Битола.

Share
Прочитај повеќе

Современа опрема за кроење презентирана пред тиквешките лозари

Добро знаеме дека во претходниот период не беа доволно искористени средствата од ИПАРД програмата, но Агенцијата ќе има нов пристап на работа со земјоделците и ќе можат поедноставно да ги користат средствата од таа програма, изјави директорот на Агенцијата, Андреа Соколовски.

Share
Прочитај повеќе

140 милиони евра буџет за земјоделците

Најголем е буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од 8,4 милијарди денари кои се предвидени за директна финансиска поддршка во земјоделството и за рурален развој.

Share
Прочитај повеќе