На традиционалната зимница ѝ расте цената
– Традиционалниот начин на приготвување зимници е здрав и не содржи конзерванси, транссатурирани масни киселини и други продукти што нашето тело не ги препознава и ги таложи како отрови во ткивата. Денешниот индустриски модерен начин на приготвување е сосема друга приказна. Храната е преполна со отрови наменети за истата таа да трае со години за разлика од традиционално приготвените зимници, кои траеле најмногу пет или шест месеци, вели докторката Татјана Гуржанова.
Прочитај повеќе