Обука и за прилепскиот стационар за бездомни животни

Постапките и стандардните оперативни процедури, техниките и методите на заловување на бездомни кучиња ќе бидат тема на тридневната обука која почнувајќи од денес, на барање на јавното комунално претпријатие од Прилеп кое стопанисува со прифатилиштето за бездомни животни, ќе ја одржи Брајан Фаулкнер, експерт од Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA). На едукативната работилница покрај вработените од ова јавно претпријатие, учество ќе земат и претставници од прифатилиштата за бездомни животни од Кичево, Демир Хисар, Штип и прифатилиштето за бездомни животни од Тетово кое е во фаза на одобрување.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Во „ЛАЈКА“ да има боксови и за коњите кои се ловат на градските улици

-Сметаме дека во „Лајка“ треба да се предвидат два до три бокса за сместување копитари. Се работи за копитарите што ќе се затекнат по некоја од градските улици или по некоја од слободните површини. Целта е всушност да се обезбеди место на кое комуналните инспектори ќе ги носат овие животни по самото ловење. До сега такво нешто не постоеше – објасни Атанасов.

Share
Прочитај повеќе