Николовски: Со Регистарот на вистински сопственици се зајакнуваат механизмите за борбата со перење пари и финасирање на тероризам

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одржа работен состанок со Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски, на којшто беше презентирано функционирањето на новиот Национален регистар за вистински сопственици. Впишувањето на вистинските сопственици во секое правно лице во регистарот, започна на 27- ми јануари годинава и трае до 27-ми април. Заклучно со денешниот ден, во Регистарот се впишани 16.720 субјекти.

Share
Прочитај повеќе